Паника на светските берзи поради Брегзит
Објавено во: Свет, Финансии 24 Јуни, 2016 09:19
Овие денови ќе биде многу профитабилно да се пазарува од британски сајтови, коментира банкарот Левон Хампарцуман.
Паника настана на светските берзи утрово, откако медиумите објавија дека Велика Британија гласаше за излез од Европската унија на вчерашниот референдум, соопштија американските медиуми.
Британската фунта падна на најниското ниво споредбено со три децении период, достигнувајќи и најголем моментален пад во историјата, откако изби пресврт во гласањето и дојде до победа за приврзаниците на Брегзит.
За неколку часа британската валута загуби над 10% од вредноста за разлика од периодот по првите прогнози, кои во рана фаза даваа предност на гласачите за останување во ЕУ.
„Имавме пад од 10% за само шест часа. Гласот за напуштање на ЕУ отвора егзистенцијална криза за Европа"- рече финансискиот експерт, Ник Парсонс.
Цените на акциите на Токиската берза паднаа со над 7%, а златото поскапе со 4%.
За 2-3 месеци ќе стане јасно дали ќе биде надминат шокот од одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ.
„Оние кои гласаа за отцепување на Велика Британија, треба да се научат да берат јагоди. Ќе се запре приливот на евтина работна сила од Источна Европа. Политички Британија ќе биде најверојатно една слаба држава послаба отколку што е во моментов "- коментира Хампарцуман.
Според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9% се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1% гласале за останување на земјата во Унијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





