05 Октомври, 2024
0.0264

Пановски: Тешко ќе се докажува тоа што се случувало на Онкологија

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

По отворената предистражната постапка на Обвинителството по серијата написи дека онколошката терапија наменета за пациенти на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се препродавала на црниот пазар, докторот Никола Пановски во утринската емисија за Телевизија 24 вели дека тешко ќе биде да се докаже како, односно дали биле користени скапите ампули.

„Најнехуман тип на кражба е, полошо е само кога има војни и концентрациони логори. Дури и Менгеле во своите експерименти може направил нешто за цивилизацијата. Каде завршила една ампула од 4.000 евра тешко може да се открие, треба да се открие зошто е тргнат системот. После овој притисок претпоставувам дека никој не се плаши да каже од вработените, да бидат вклучени како заштитен сведок. Не е лесна постапката гледано од страна“, смета професорот.

Микробиологот упати и критики до власта дека на раководни позиции поставува „без'рбетници“ и од таму произлегува резултатот што сега го гледаме.

„Да пишуваат за вас со години и да не седнете на стручен колегиум, да речете аман луѓе дајте да излеземе да видиме. Ова се пишува, они си молчат, еден директор, втор, трет, не знам како не им е срам да седат и молчат.

Оваа власт пред седум години рече дека ќе го спои Клиничкиот центар, набавките и контролата ќе одеа на друг начин, а покрај тоа се ставаат директори кои пола од колективот не ги знае, што не се од таа специјалност. Директор може да биде само ако има доверба кај вработените. Директорката повеќето ја гледаат првпат, таа е в.д., не викам дека е лоша, но 99 отсто на пример во социјализмот во 80-тите беа поставувани под критериум стручност, да биде најпознат, најстар, со најголем авторитет. Не може да го ставите 20-тиот“, додаде Пановски.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица