19 Декември, 2025
0.1249

Пантелеон ГС донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Објавено во: Мои пари 08 Август, 2025 11:53

Добивај вести на Viber

Жителите на Кочани и целата земја се уште ја живеат колективната траума од трагедијата која се случи во март годинава. Помош и поддршка беше потребна тогаш, но и денес, а ќе биде потребна и во иднина.

Токму затоа компанијата Пантелеон ГС одлучи да донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани. 

“Како компанија која веќе 5 години успешно работи на пазарот и вработува во најголем дел млади луѓе, сметаме дека хуманоста е доблест, и нешто што треба да се негува. Иако работиме за компании на конкурентниот американски пазар, ние сме дел од оваа локална заедница, и секогаш тежнееме да понудиме поддршка на оние кои се засегнати и им е потребна помош. Вработените во нашата компанија најискрено сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените” вели Административниот Директор Влатко Палчевски.

За да се обезбеди оваа значајна сума на средства компанијата оваа година ќе се откаже од сите корпоративни настани и сите планирани средства ќе бидат пренасочени кон Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, основана со цел помош и поддршка во рехабилитацијата на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и нивна реинтеграција во општеството.

Пантелеон ГС е прва компанија која не е член на МБА, а донира средства во фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, преку која верува дека средствата навистина ќе стигнат до тие на кои им се потребни. Истовремено, дел од вработените во компанијата директно ќе се вклучат во активностите и реализацијата на проектите на Фондацијата со цел остварување на плановите. 

Компанијата Пантелеон ГС и изминативе години беше активна во локалната заедница давајќи поддршка на различни општествено корисни проекти.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка