16 Декември, 2025
0.0901

Папата и ЕП ја извадија од рамнотежа Анкара

Објавено во: Балкан 22 Април, 2015 10:24

Добивај вести на Viber

„Крстоносците, лажговци, нацисти, клеветници ...“

„Клевета,  дискриминација, антиисламизам ...“

„Ако ги отвориме книгите по европска историја ... Каде се Абориџините? Каде се локалните Американци? Каде се повеќето африкански племиња? Гета се на европско дело. Прво таму е етничката дискриминација, потоа доаѓа геноцидот ...“

Турските власти жестоко реагираа на две последни осуди за „геноцидот“ против Ерменците пред столетието.

Прво, на 12 април папатa Фрањо ги опиша масакрите на отоманските Ерменци во 1915-1916 година како прв геноцид во дваесеттиот век. Папата одржа миса во римската базилика „Св. Петар“ во присуство на ерменскиот претседател Серж Саркисјан.

Европа и папата Францис

Неколку дена подоцна, Европскиот парламент повторно ја повика Турција да го признае ерменскиот „геноцид“, за да може да го отвори патот кон вистинско помирување со Ерменија. Парламентот, исто така ја пофали изјавата на папата по повод столетието од масакрот.

Но самата Анкара не беше подготвена за тоа, што се одбележува на 24 април, ерменски ден на комеморацијата.

Речиси секоја година во ова време турски пратеници патуваат до Вашингтон за да лобираат пред американските власти против употребата на зборот „геноцид“ и за опишување на масакрот на 1,5 милиони ерменци. Но, оваа година лобистичка делегација ќе биде предводена директно од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој отпатува оваа недела.

Хорот на негацијата

Високи и официјални лица - без исклучок - упатија недипломатски навреди како кон папата, исто така и кон европратениците. Во напад на бес Анкара дури го повлече својот амбасадор.

Претседателот на турскиот парламент Џемил Чичек го обвини Рим дека го зел на нишан исламот: „Неприфатливо е за некој таков пост, да упатува таква клевета. Она што го направи папата, е озборување, клевета и дискриминација. Јазикот на омразата е нешто од кое денес се жалат најмногу луѓе; расизам, говор на омраза, антиисламизмот“.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени