Пари за ранливи, за медицинска опрема, придонеси: Помош од Светска банка
Објавено во: Економија, Корона Вирус 21 Мај, 2020
Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19 во Северна Македонија беше одобрен неодамна со цел да помогне во намалување на локалната трансмисија на КОВИД – 19 и да ја зајакне подготвеноста на земјата за идна пандемија, соопштија денеска од Светска банка. Проектот ќе помогне во напорите да се заштитат граѓаните од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети и обезбеди социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата.
„Проектот ќе помогне на Република Северна Македонија во детекција, превенција и одговор на заканата од КОВИД-19 пандемијата и ќе го зајакне јавниот здравствен систем. Здравствената комопонента ќе го зајакне капацитетот на здравствениот систем преку идентификација и правилно управување со случаите поврзани со КОВИД – 19, вклучително и зајакнуање на капацитетот на Фондот за здравствено осигурување за покривање на зголемените трошоци од здравствени услуги. Компонентата за социјална заштита ќе обезбеди времена поддршка за приходите на оние поединци и домаќинства кои се економски погодени од мерките неопходни за спречување на ширење на вирусот, како одржување на физичка дистанца и други рестрикции, стои во соопштението.
Во објавата од Светска банка велат и дека ќе имаат нулта толеранција за измама и корупција и сериозно ја сфаќаат обврската да осигура дека средства од Групацијата Светска банка се користат за јасно дефинирани активности и истите стигаат до наменетите корисници.
Упатствата поврзани со набавка на Светска банка ќе се применуваат за набавка на здравствени материјали, опрема и услуги. Паричните трансфери до домаќинствата се регулирани со јасни критериуми за подобност и имаат механизми за надзор и контрола.
Инаку планот има неколку компоненти. Првата е директа поддршка за итен одговор вредна 34 милиони евра.
Во овој дел влегуваат три поткомпоненти - Подобрување на откривањето, потврдувањето на случаите, наоѓањето на контактите, известување и следење која вреди 5,4 милиони евра. Оваа поткомпонента ќе помогне да се зајакнат системите за надзор над болестите и лабораториите во јавното здравство преку набавка на дијагностички комплети, реагенси, потрошни материјали, лична заштитна опрема и обука за релевантните протоколи. Со неа ќе се олесни комбинирањето на откривањето на нови случаи со активно откривање на контактите преку подобрување на надзорот и модули за откривање на контактите во постојниот здравствен информатички систем (Мој термин) и поврзување на давателите на услуги во примарната здравствена заштита со него. Втората поткомпонента - Зајакнување на здравствениот систем на заемопримачот е 18,01 милиони евра, а со неа ќе се фокусира на повеќе области што се критични за зајакнување на здравствениот систем за да може ефективно да одговори на здравствените потреби на пациентите со КОВИД-19 и здравствените работници да можат да обезбедат висококвалитетна и безбедна нега. Ќе опфати набавка на медицински материјали, уреди и опрема потребни за оценување, лекување и следење, вклучувајќи и респиратори и друга опрема потребна за терапија со кислород (концентратори на кислород, пулсни оксиметри итн.), инфузиони пумпи, дефибрилатори, монитори, опрема за вшмукување итн. и набавка и дистрибуција на лична заштитна опрема согласно насоките на СЗО. Другиот дел е Финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи осигуреници - 10,64 милиони евра Согласно Законот за здравственото осигурување, разни органи треба да ги плаќаат придонесите за осигурениците од ранливите групи. На пример, Агенцијата за вработување мора да ги плаќа придонесите за невработените, додека МЗ мора да ги плаќа придонесите за други ранливи групи, вклучувајќи ги и лицата со социјална помош (Гарантиран минимален приход или ГМП) кои на друг начин не се квалификуваат за здравствено осигурување. Експанзијата на поддршката на овие групи за да се олесни социјалното дистанцирање планирана во компонентата 2 би претставувала зголемен трошок што не е претходно буџетиран. Оваа поткомпонента би помогнала да се покријат овие трошоци. Тоа би можело потенцијално да влијае врз пристапот до здравствени услуги за околу 85.000 домаќинства со до 300.000 лица. За да се обезбеди континуитет за опфатот, со оваа поткомпонента ќе се финансираат придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи што обично ги покрива МЗ, за период од девет месеци.
Компонента два е Поддршка за домаќинствата за да се овозможи социјално дистанцирање - 54,83
милиони евра.
Со оваа компонента ќе се финансира привремена поддршка за приходите за квалификувани
поединци и домаќинства за да им се овозможи да се придржуваат на мерките за социјално
дистанцирање што ги воведе владата за спречување на ширењето на пандемијата на КОВИД-19. Со неа
ќе се финансира обезбедувањето привремена социјална помош преку (а) финансирање на паричните
трансфери за ранливи домаќинства, погодени од економските последици на КОВИД-19 и (б)
обезбедување храна и основни продукти за населението во карантин и за домаќинствата погодени од
КОВИД-19. Исто така, со неа ќе се финансира привремената поддршка за невработените преку
обезбедување паричен надоместок за поединците што ги изгубиле работните места како последица на
КОВИД-19
Компонента 3 е Спроведување на проектот, комуникации, ангажирање на заедницата и следење- 0,90
милиони евра.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.