28 Ноември, 2024
0.0551

Паричникот поважен од знамето

Објавено во: Свет 22 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Седум години по обновата на државноста на идентитетската поделба е се послаба, наместо за националните граѓаните се загрижени за егзистенцијалните проблеми.

Резултатите од парламентарните и претседателските избори покажаа дека идентитетските прашања, како основна линија на поделба во црногорското општество на чие благодарение односот меѓу власта и опозицијата остана непроменет над 20 години, полека губат на значење.

Тоа е основната карактеристика на политичката сцена во седмата година од обновата на државноста на Црна Гора.

За тоа постојат повеќе причини – од економската криза, промената на односот на опозицијата освежена со Миодраг Лекиќ и Позитивна Црна Гора, до поинаквиот став на новата власт во Србија кон Црна Гора.

Падот на животниот стандард, според мислењето на професорот Светозар Јовичевиќ, е клучна причина поради која спласнаа идентитетските поделби во Црна Гора.

Ако Владата продолжи да ги полни дупките во буџетот со воведување на нови даноци и такси, смета Јовичевиќ, економијата уште посилно ќе ги бутне националните прашања во втор план.

- Националните теми во Црна Гора не би се исплатиле ни кога би живееле подобро, а не пак во ваква состојба. Нив во втор план ги потиснува и се полошиот живот и како што состојбата е се потешка на луѓето идентитетските разлики ќе им бидат се помалку важни – тврди Јовичевиќ.

Иако за време на обновата на независноста премиерот Мило Ѓукановиќ тврдеше дека за четири години во Црна Гора нема да има ниту еден невработен, седум години подоцна стапката на невработеност според државната статистика е околу 20 отсто, т,е, 49.000 работно активни граѓани се без работа. Според податоците на Монстат, просечната плата за седум години од 248 порасна на 485 евра, но минималната потрошувачка кошница од 263 порасна на 806 евра.

Наместо привлекување на странски инвестиции, Владата во меѓувреме почна од буџетот да им плаќа гаранции и да нуди милиони да ја напуштат државата, по што Црна Гора е единствен пример. Задолженоста на државата сега е 51,12 отсто од БДП, додека по една година од независноста беше 32,4 отсто.

Поради тоа, според мислењето на еден од лидерите на поранешното Движење за независна Црна Гора, Бранко Луковиќ, логично е вниманието на граѓаните се повеќе да се насочува кон егзистенцијалните проблеми.

- Луѓето се изморени и негативни кон наметнувањето на идентитетските, како клучни прашања во околности кога тешко наоѓаат решенија за тие кои се од животно значење. Врз основа на успехот во подобрувањето на условите за живот и стандардот, политичарите ќе полагаат испит пред граѓаните, а не околу тоа колку умешно ги користат идентитетските прашања во меѓусебните пресметки – наведе Луковац.

Дека потенцирањето на референдумската поделба носи се помалку политички капитал, Ѓукановиќ можеше да види на парламентарните избори, кога првпат од 2001 година не освои апсолутна власт, туку владејачка коалиција основа со малцинските партии.

Иако и на октомвриските избори повторуваше дека со триумфот на опозицијата црногорската независнот била доведена во прашање, пред самиот крај на кампањата наместо национални сонови вети 40.000 работни места. Веројатно поради тоа што истражувањето на јавното мислење на неговата ДПС покажа дека инсистирањето на кампањата за Четниците и Почетниците, кои служат на овие првите да им ги додадат гласачите од ДПС, не дава очекувани резултати.

Потсетувањето на референдум не му помогна многу на Филип Вујановиќ, кој под сенка на изборни нерегуларности, на претседателските избори освои 7000 гласови повеќе од против кандидатот Миодраг Лекиќ, кој имаше негативен однос кон независноста.

Зближувањето на Социјалдемократската СДП и опозицијата, кое почна пред претседателските избори, само потврди дека животните проблеми ќе бидат се поважни од националните разлики.

Луковац очекува дополнителен пад на идентитетските тензии. – Сувереноста на независна Црна Гора значително е зајакната, призната и прифатена од сите, а што е најважно, од се поголем дел и од тие граѓани кои порано се спротивставија на тоа.

Дека за две години направи чекор од 7 милји, опозицијата го потврди со кампањата за претседателските и парламентарните избори, покажувајќи дека е подготвена на излегување од предреферендумските ровови. На митинзите на партиите кои беа во блок за заедничка држава за прв пат се завиорија црногорски знамиња, а црвеното знаме беше поврзано со тробојката.

Партиите кои пред две години поради статусот на српскиот јазик го блокираа усвојувањето на изборниот закон, кој беше услов за одредување на датум за пристапни преговори со ЕУ, денес како приоритет ја поставуваат итеграцијата во ЕУ. Сега опозицијата инсистира, со измените на Уставот, што е неформален услов на ЕУ за отварање на 23 и 24 поглавје, да се воведат строги правила за избор на судии и обвинители, иако претходно измените на највисокиот правен акт беа условени со промена на државните симболи.

Јовичевиќ смета дека на опозицијата се исплатеше умерениот пристап кон националните теми, потсетувајќи дека на тоа влијаеше и основањето на Позитивна Црна Гора, како опозициска партија со црногорско педигре.

- Конечно почнаа да сваќаат дека сите живееме со исти неволи и проблеми. Мора прво да ги решиме тие заеднички неволи, па да инсистираме на не толку важни прашања како што се симболите. Таквиот став дополнително ќе ја загрози власта, бидејќи тие со инсистирањето на тие разлики како знак за политичко распознавање и ја изградија својата долгогодишна позиција – тврди Јовичевиќ.

Белград ја спушти топката

Луковац смета дека намалувањето на националните тензии придонесе и за промена на власта во Србија, со што престанаа препукувањата на Подгорица и Белград.

На поранешниот српски претседател Борис Тадиќ му беше забележано дека раководи со црногорската опозиција, додека такви обвиненија не доаѓаат на сметка на Томислав Николиќ, иако неговата Српска напредна партија соработува со Ѓукановиќ, но и со Новата српска демократија.

- Спротивно на очекувањата, сегашната власт во Србија прави конкретни чекори да ја прифати новата реалност и со државите настанати од поранешна Југославија, да гради подобри односи на нечелата на меѓусебно уважување и рамноправност. Да се надеваме дека тоа ќе биде стабилна, стратешка ориентација, а не прашање на тактичко прилагодување за постигнување на некои краткорочни цели – наведува Луковац.

Само Корејците постојано ја слушаат химната

Јовичевиќ предупреди дека националниот идентитет не се само симболите, туку односот на граѓаните кон демократијата и разликите. Тој смета дека во хетерогена заедница каква што е Црна Гора треба да се гради граѓански пристап кон идентитетските прашања.

Само во правно и демократски средено општество, смета тој, секој граѓанин ќе почувствува припадност кон државата.

- Идентитетот не се воведува со индоктринации како што се најавите химната да се свири секој ден во училиштата. Се плашам дека тоа е повеќе северно корејско сваќање за патриотизмот. Ќе дојдеме до тоа барем еднаш во месецот од сите разгласи да мораме да ја слушаме химната и да стоиме мирно. Тоа не води кон ништо добро – смета Јовичевиќ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат