18 Декември, 2025
0.0594

Парите од дрога во вид на златни прачки ги носеле во Македонија и Косово: Разбиена сириска мрежа

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2025 19:19

Добивај вести на Viber

Италијанските обвинители соопштија дека разбиле мрежа предводена од Сиријци, осомничени за перење пари од трговија со дрога во Италија и Франција, претворајќи ги парите во златни прачки. Златото потоа било транспортирано во различни земји, вклучително и во Косово и во Македонија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на РЕЛ.

Италијанската полиција уапси пет лица во северните региони Пиемонт и Ломбардија и запленила 17 милиони евра.

Истрагата ја спровел заеднички тим, вклучувајќи ја и даночната полиција на Италија и француската жандармерија во Марсеј, а напорите беа координирани од страна на италијанската национална дирекција против мафијата и обвинителството во Марсеј, заедно со Европравда и Европол, наведуваат медиумите. 

Според обвинителите во текот на повеќе од шест месеци, осомничените „заработиле" повеќе од 17 милиони евра од дрога, главно во Франција, и ги транспортирале парите во возила до област во близина на Пиемонт во Италија, која граничи со Франција.

„Таму, во соработка со три топилници за скапоцени метали во Пиемонт и Ломбардија, парите биле претворени во златни прачки со иста парична вредност. Златото потоа било транспортирано во Косово, Северна Македонија, Турција и Мароко, се наведува во соопштението.

Се посочува дека ова е првпат истражителите да успеат да го реконструираат протокот на пари од дрога, генерирани во странство, кои потоа биле претворени во злато - имот што полесно се транспортира.

Обвинителите велат дека идентификувале широка мрежа на сириски државјани вклучени во процесот.

Тие посочуваат дека француската жандармерија, исто така, извршила „апсења на други осомничени лица вмешани во собирање приходи од дрога во Франција".

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија