19 Декември, 2025
0.3519

ПАРИТЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК НА ТРАНСАКЦИСКА ДО МАРТ: МОН толку време има да го изготви системот на микроплаќање

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2022 08:15

Добивај вести на Viber

Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка уште денеска може да се најде на пленарна седница пред пратениците и да биде изгласан, а според предлагачите, со оглед дека по измените и дополнувањата на овој закон од 2021 година успешно се врши исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на околу 31.000 студенти, потребно е важноста на овие законски решенија да се продолжи до март 2023 година.

Пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова, за Фактор појасни дека парите ќе бидат ретроактивно исплатени, односно од 15 септември до 30 ноември. Истовремено посочува дека цената за субвенциониран судентки оброк до март ќе изнесува 120 денари и на тој начин, како што стои во Предлог законот нема финансиски последици врз буџетот и другите јавни финансиски средства.

-Поради истечена одредба и настанување на вакум период студентите беа спречени да го остварат своето право на оброк почнувајќи од 15 септември и затоа велам дека е добро што измените кои беа повлечени го подигнаа гласот на студентите и ги разбудија надлежните институции за потребата од системско имплементирање на мерката. МОН има време до 15 март следната година на изготват систем на микроплаќање, по примерот на Словенија. Тоа значи, парите за субвенциониран оброк, место на трансакциска сметка да ги добиваат во бонови, ваучери или слично и да ги користат во угостителските објекти. Значи тие пари да бидат наменски, исклучиво за оброк, за храна, вели пратеничката од ЛДП.

Зајкова нагласува дека откако би се воспоставил тој систем на микроплаќање, ќе има предлози цените на храната во угостителските објекти да бидат намалени дури и за 30 отсто за студентите, а ќе има и јавен повик со цел да се изготви листа на ресторани, гостилници, кафеани во кои студентите ќе може да ги користат наменските ваучери за здрав оброк.

-По 15 март 2023 година, кога дефинитивно очекуваме МОН да го имплементира системот за сибвенциониран студентски оброк, веројатно е да има покачување на цената, односно да биде 140 денари, пред се заради инфлацијата.

Законот за субвенциониран студентски оброк е иницијална идеја на Либерално демократската партија во соработка со студентите, по примерот на Република Словенија, предложен уште во 2018 година, а изгласан од страна на сите парламентарни партии во 2020 година. Сега измените во Законот за изменување на Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк се вршат со цел да се продолжи со исплатата на овие средства во насока на подобрување на стандардот на студентите.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните