12 Септември, 2024
0.0520

ПАРИЗ, ЛОНДОН, БЕРЛИН, МАДРИД: Колку пари се потребни за удобен живот?

Објавено во: Економија 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Висока сума на пари е потреба за самец или семејство за удобен живот во европските метерополи. 

 „Euronews Business“ подетално ги анализира трошоците. Според Крис Частин, раководител на истражување во Институтот за економски истражувања на ERI, одговорот зависи од фактори како што се местото каде живеете, искуството, образованието, индустријата во која работите, потребите и начинот на живот.

Според Talentup, бруто годишната плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во Германија. Тоа значи приближно 40.000 до 43.000 евра нето годишно или помеѓу 3.300 и 3.600 евра нето месечно.

„HousingAnywhere“ објави дека нето просечната месечна плата во Обединетото Кралство била 2.297 фунти (2.725 евра). Во 2023 година, со трошоци за живот од 1.950 фунти (2.314 евра), просечната месечна нето плата од 2.500 фунти (2.962 евра) и 3.300 фунти (3.915 евра) се сметаше за добар приход во земјата. 

Со оглед на тоа дека просечната бруто-неделна плата во Лондон е за 23 отсто повисока од просекот во Велика Британија, според ONS, добрата плата во британската престолнина треба да биде најмалку помеѓу 3.643 и 4.815 евра. Сепак, тоа треба да биде помеѓу 3.922 и 5.183 евра во Внатрешен Лондон, кој се состои од Сити на Лондон и тринаесет општини.

Од 2024 година, просечната нето месечна плата во Франција е 2.587 евра, а медијалната е 1.940 евра, според „HousingAnywhere“. Вообичаено добрата плата за удобен живот во Франција е околу 3.200 евра месечно за самец или 5.600 евра месечно за тричлено семејство.

Според „HousingAnywhere“, просечната нето плата во Шпанија во 2024 година е 1.785 евра месечно или 2.250 евра бруто. За удобно живеење, месечната нето плата во Шпанија се проценува на околу 2.700 евра за самец или 4.000 евра за некој што издржува семејство.

Со оглед на тоа што просечната плата во Мадрид е за 18 отсто повисока од националниот просек, добрата месечна нето плата во главниот град за самец треба да биде најмалку 3.185 евра.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Ќе земат пензија повисока за 2.500 денари

ДОБРА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Ќе земат пензија повисока за 2.500 денари

РАСТ НA ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ: Koлкав бил износот на крајот на август?

РАСТ НA ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ: Koлкав бил износот на крајот на август?

Ќе поевтини овошјето, оризот, гравот со одлука на Владата

Ќе поевтини овошјето, оризот, гравот со одлука на Владата

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - најголем дел од ноќевањата ги прават домашните гости

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - најголем дел од ноќевањата ги прават домашните гости

„Цените на енергијата во Југоисточна Европа значително повисоки од Европа“: РКЕ бара да се испитаат причините

„Цените на енергијата во Југоисточна Европа значително повисоки од Европа“: РКЕ бара да се испитаат причините

Дурмиши: Се прави симулација, есенската потрошувачка кошничка во петок на Влада

Дурмиши: Се прави симулација, есенската потрошувачка кошничка во петок на Влада

КАКО ФОЛКСВАГЕН ДОЈДЕ ВО ПОЗИЦИЈА ДА СЕ БОРИ ЗА ОПСТАНОК: „Тортата е помала, на масата има повеќе гости“

КАКО ФОЛКСВАГЕН ДОЈДЕ ВО ПОЗИЦИЈА ДА СЕ БОРИ ЗА ОПСТАНОК: „Тортата е помала, на масата има повеќе гости“

Која е златната патарина и од што МЕПСО наплати 9,1 милиони евра?

Која е златната патарина и од што МЕПСО наплати 9,1 милиони евра?

ALIEXPRESS ДОАЃА ВО СРБИЈА: Акционер од компанијата открива какви се предизвиците но и можностите

ALIEXPRESS ДОАЃА ВО СРБИЈА: Акционер од компанијата открива какви се предизвиците но и можностите