Парламентарни избори денес во Велика Британија
Објавено во: Свет 07 Мај, 2015 10:00
Британците денес гласаат за нов состав на Долниот дом на парламентот - Домот на општините.
Право на глас имаат сите британски државјани кои наполниле 18 години, како и државјани на Република Ирска и на Комонвелтот, кои престојуваат во Велика Британија. Граѓаните на ЕУ ја немаат таа привилегија.
Британската кралица Елизабета Втора не гласа, бидејќи треба да е непристрасна. Право на глас немаат и членовите на Горниот дом - Домот на лордовите, кои не се избираат, а именуваат. Право на глас немаат и затворениците, поради што земјата редовно беше критикувана од ЕУ.
Гласањето започнува во 7,00 часот. Наутро по локално време (8.00. нашо време) и трае до 22 часот. Се гласа во околу 50 000 избирачки места.
Изборите за пратеници во Долниот дом се директни, тајни и во мнозински систем. Се одржуваат во еден круг. Избирачките окрузи се вкупно 650 (533 во Англија, 59 во Шкотска, 40 во Велс и 18 во Северна Ирска). Кандидатите за пратеници се 3971. Секој округ го зрачи еден пратеник. Кандидатот кој освои најмногу гласови, влегува во парламентот, дури и да има добиено под 50%. Овој систем ги фаворизира големите партии на штета на малите. Така на пример на изборите во 2010 година конзервативците освоија 47% од местата во парламентот, добивајќи само 36% од гласовите на избирачите.
Тогаш лабуристите добија 40% од местата во парламентот, освојувајќи само 29% од гласовите на избирачите. Референдумот, чија цел е да се промени изборниот систем, организиран во мај 2011 година, не ја постигна својата цел. Партијата, испратила во Долниот дом најмногу пратеници, во составот на влада. Ако ниту една партија не освои апсолутно мнозинство, има две сценарија - составување на коалициска влада или на малцинска влада, која ужива поддршка од другите партии или се потпираат на привремени сојузи при секое гласање во парламентот. За премиер се определува лидерот на партијата која има најмногу пратеници во Долниот дом.
Во пресрет на изборите различни анкети покажаа дека битката меѓу конзервативците на Дејвид Камерон и лабуристите на Ед Милибанд ќе е оспорувана. Единственото нешто што е сигурно во пресрет на гласањето е дека ниту една од двете големи партии - Конзервативната партија и Лабуристичката, нема да може да владее сама.
Две нови испитувања на јавното мислење припишуваат еднакви резултати на двете водечки партии во Велика Британија - конзервативците и лабуристите - на парламентарните избори во земјата денес, пренесува Ројтерс.
Поголем партнер во владејачката коалиција и главната опозициска сила добиваат 34% во анкетата на институтот "Сан". Друг институт , на социолошка агенција "Срвеишн", дава слични резултати - по 33% за двете партии.
Изборите во Велика Британија - без јасен победник
Според најверојатно сценарио на 8 мај Британците ќе се разбудат без јасен победник и ќе следат преговори за изнаоѓање на коалициски партнери, кои можат да продолжат со недели, но не и месеци како во Белгија. Во најлош случај може да дојде до предвремени избори на есен, ако програмата на Владата, која ќе биде претставена во говорот кој кралицата ќе го одржи на 27 мај, не издржи гласови на доверба.
Конзервативците може да се потпрат во новиот парламент на либералните демократи, нивни досегашни коалициски партнери, и на малите северноирландски партии. Лабуристите може да одлучат да формираат влада на малцинството, поддржана од унија од партии кои се противници на ториевците, имено шкотските националисти од Шкотската национална партија, Зелените и велшките националисти.
Се очекува шкотските националисти да се претстават многу добро на изборите и да победи во повеќето, ако не и сите окрузи во кои сега лабуристите имаат пратеници .
Изборите во Велика Британија се следат со вознемиреност и загриженост во цела Европа, бидејќи британскиот премиер Дејвид Камерон вети референдум за британското членство во ЕУ, ако биде реизбран. Гласањето ќе го следат особено внимателно во некои земји од Источна Европа кои неодамна влегоа во ЕУ и каде стотици илјади мигранти отидоа во Велика Британија во потрага по работа, искористувајќи ги миграционите правила во ЕУ.
Велика Британија во бројки
Главни теми во предизборната кампања беа економијата, буџетскиот дефицит, здравството и имиграцијата. Главните партии спорат со она темпо да го намалат дефицитот, а конзервативците и либералните демократи ветија да постигнат буџетски баланс во 2017-2018 година, додека лабуристите зборуваа само за намалување на дефицитот на годишна основа, но без да наведат конкретен датум кога ќе постигнат буџетски баланс .
По прашањето за имиграцијата и конзервативците, и лабуристите сакаат да го забранат пристапот на европски мигранти до социјалниот систем, односно за 4 и 2 години за да се обидат да го ограничат миграциониот прилив. Партијата за независност на Велика Британија инсистира на целосна забрана на имиграцијата на неквалификуваните работници за пет години и ограничување на имиграцијата на квалификуваните работници до 50 000 годишно.
По прашањето за здравство конзервативците се обврзаа да инвестираат најмалку 8 милијарди фунти дополнително секоја година во здравствениот систем, но не прецизираат од каде ќе ги земат парите. Лабуристите пак ветија дополнително финансирање од 2,5 милијарди фунти годишно од буџетот.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




