24 Јануари, 2025
0.0268

ПАРОВИ СО ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ 20.000 ЕВРА ЗА СТАН ИЛИ КУЌА - соседите со многу поволности за наоѓање дом, има само еден услов

Објавено во: Економија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за семејна грижа и демографија на соседна Србија им нуди можност на паровите со деца да добијат субвенција за купување на нивниот прв стан или изградба на куќа.

Висината на субвенцијата е до 20.000 евра, но секако има услови кои треба да се исполнат за да можат граѓаните да ги добијат овие пари. 

- Она што денеска го споделивме како вест е дека оние мајки кои аплицираат за субвенција ќе можат бесплатно да добијат три типични проекти за изградба на куќа од нашето министерство во 2025 година - вели министерката за семејна грижа и демографија Милица Ѓурѓевиќ Стаменовски.

Таа дообјасни дека правото за субвенции го добиваат мајките, но во одредени исклучителни ситуации субвенциите ги добива и таткото. 

- Мајките ја добиваат субвенцијата, правото на неа, освен во исклучителни случаи кога правото го остварува таткото, 20 отсто од вкупниот износ, односно до 20.000 евра. Информирајте се што се однесува до граѓаните на Белград, тоа можете да го направите на улицата 27 Марта, како и за сите други, тоа може да го направат во локалните самоуправи, нивните општини, таму ја добиваат целата потребна документација, контактирајте со нас, ги обработуваме податоците и одлучуваме за исплата на субвенцијата. Важно е мајката која аплицира, за прв пат стекнува недвижен имот, односно да не поседува недвижен имот - нагласува министерката. 

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија