Партиите избираат избори, сценарио кое најмалку го посакуваат ЕУ и НАТО
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018
Влегува ли Македонија во нова политичка криза? Организирање на предвремени парламентарни избори оптоварени со многу услови во прекратки рокови. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најверојатно го избраа сценариото кое најмалу го посакува маѓународната заедница. Исходот од референдумот го става Преспанскиот договор во трет план.
Синоќа штабовите на две најголеми политички партии во земјава го запалија алармот за подготовка на изборна кампања. Но, далеку е дека се ќе остави на спонтаноста на процесот.
„Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината. Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението, ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори, соопштија вчера од СДСМ.
Опозицијата и власта ги чека дополнително конфронтирање околку датумот кога би трербало да се одржи гласањето. СДСМ се обидува да го држи и натаму во живот договот со Грција, затоа ќе инситира изборите да се одржат на крајот на ноември. Од друга стана опозицијата инсистира на договрот, овој пат на пржинскиот, односно формирање на техничка влада која ќе циркулира 100 дена пред изборите. ВМРО ДПМНЕ синоќа постави услови до Владата. Да си поднесат оставка премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Модел што претходната влада го прифати за огранизирање на парламентарните избори во 2016 година.
Извршниот Комитет ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донесе три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опоцијата, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб со претседател Игор Јанушев, изјави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали се партиите се подготвени за избори
Парламентарните избори се наметнаа како ад-хок решение по референдумот. Резерва за исходот од соочување со граѓаните имаат речиси ситте партии. ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што се обидува да делува самоуверено, сепак внатре во партијата се соочува со повеќе фракции. Секојдневно членови на партијата излегуваат со различни ставови за политиките кои треба да ги спроведува партијата. На товар ги има и судските процеси кои се водат за членови од старото раководство, не е заборавен и дебаклот од локалните избори, кога партијата ја изгуби локалната власт во речиси сите градови. Сепак најголемиот проблем за кој можеби стравува партијата е да не се повтори сценариото кое ги врати во опозиција, ниту една албанска политичка партија да не сака да коалицира. За исходот според познавачите ќе влијаат низа фактори, особено резулатите и менаџирањето на опозициската партија со албанскиот електорат.
Лагодност нема ниту кај владејачката партија. СДСМ на избори овој пат оди со товарот од договорот со Грција. Во незавидна позиција ја ставаат и низа скандали кои беа објавени во јавноста, тендерите и кадровските пропусти. Власта за година ипол немаше можност многу да реализира од ветувањето особено што најголемиот фокус беше на евроатланската иднина на земјава. Македонија доби покана за членство во НАТО и гаранции дека може да ги отпочне преговорите со Европската Унија.
Голема мотивираност за избори нема ниту кај албанските политички партии. Не е тајна дека ДУИ нема што конкретно да прикаже на своите симпатизери освен договорот со Грција. БЕСА се уште се изборува со своето ткиво внатре, фракцијата иако е задушена и натаму делува кај членството.
Како гледаат странците
Загриженостое е голема дека изборите можат да ги поместат роковите исцртани од преспанскиот договор и тој да пропадне. САД ,ЕУ и НАТО и покрај тоа што референдумот не доби цензус, сепак го поздравија што 600 илјади граѓани гласаа за договорот. Се инситира пратениците во Собранието да ги изгласаат уставните измени, но оваа порака кај опозицијата не допира.
Ѓ.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.