16 Декември, 2025
0.0569

Партијата на пензионери: предлогот да се прифати, ќе и се спротивставуваме на Бугарија откако ќе започне процесот

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 12:44

Добивај вести на Viber

Партијата на пензионери, коалиционен партне рво власта, се изјасни позитивно за францускиот предлог, а аргументот е дека на неприфатливите барања на Бугарија земјата ќе може да се спротивстави откако ќе започне процесот на преговори со ЕУ. Од таму не очекуваат, и со прифатен и со неприфатен француски предлог, Бугарија да се откаже од своите барања.

Од таму сметаат дека предлогот на француското претседателство не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ.

„Партија на пензионери (ПП), поаѓајќи од нужноста на потребата за обезбедување на временски разумна перспектива за отпочнување на пристапни преговори за влез на земјата во Европската унија, смета дека новиот Предлог на Француското Претседателство треба да се прифати.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), на седница на новоизбраниот Извршен одбор (избран на Конгресот на Партијата на 18.06.2022 година), која се одржа на 02.07.2022 година, по констатирање дека Предлогот на Француското Претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ и бидејќи во дадените крајно сложени околности поради негаторскиот однос на Република Бугарија кој е непроменет повеќе децении, без никакви назнаки дека ќе се промени, како и поради нејзината реално очекувана идна блокада на процесот, едногласно донесе Заклучок со кој го подржа ставот на Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски  нашето државно раководство да го прифати новиот Предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.

ПП предложува сепак да се одржат консултации помеѓу власта и опозицијата.

„Истовремено ПП преку Претседателот на Партијата, во рамки на коалицијата, ќе иницира во разумен рок, кој нема да овозможи развлекување на процесот за донесување на одлука, Владата и Опозицијата, иако таа го отфрли предлогот, сепак да одржат консултативен состанок на кој, исклучиво и само на оваа тема и секој во рамки на своите одговорности кон македонскиот народ и граѓаните на земјата, јасно, јавно и со преземање на одговорност за иднината на земјата ќе ги аргументираат своите заложби за нивниот програмски деклариран став и заложба за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија“, дополнуваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар