25 Април, 2024
0.0314

Паскали: Ајкулите најчесто напаѓаат сурфери затоа што мислат дека се фоки

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Никола Паскали од Нуркачки Центар Акватек од Охрид советува сите кои одат на море, да бидат внимателни, за да не дојде до фатални случки какви што имавме во Египет, каде две жени починаа откако ги нападнала ајкула.

Објаснува дека мора да бидеме подготвени, информирани, а во морето има многу опасности како што се отровни растенија, риби, најразлични мали животинки, медузи па дури и јаки подводни струења и многу големи бранови.

„Треба да се запознаете со видовите кои живеат на тоа место и како да се заштитите од истите. Скоро на сите поголеми јавни плажи има информативни табли и инфо броеви каде што ќе се запознаете со ризиците. Некои плажи се озвучени за да ги предупредат капачите од опасностите или со знаме и други сигнални помагала. Има некои основни правила кои треба да ги почитувате. Да не се капете ноќе, да не се оддалечувате многу од брегот и да не фаќате ништо низ морето зошто има многу отровни организми. Колку помало, толку поопасно. Ајкулата не е најопасното и најсмртоносното животно во морето. Мора да разбереме дека ние сме посетители во нивната територија. Ајкулите најчесто напаѓаат сурфери затоа што мислат дека се фоки или пливачи со пераи кои им личат на некое животно со кое се хранат. Исто така ги привлекуваат и светкави предмети и крв. Во случај да видите ајкула треба да се смирите, зашто го осеќа адреналинот, стравот. Ако почне да се доближува до вас треба да ставите некој предмет помеѓу вас и ајкулата. Пример тоа може да биде маската со која пливате и што е можно побрзо без паника излезете од вода“, додава Паскали.

Во Египет викендов настрадаа две туристки, едната од Австрија, а другата од Романија. Двата напади се случиле на 600 метри еден од друг. Ова предизвика паника кај луѓето кои допрва треба да заминат на одмор во Египет.

Видео на кое е „уловена“ ајкула во турско летувалиште кружеше на социјалните мрежи. Се верува дека Средоземното Море, во близина на брегот на Мармарис каде што наводно е снимено видеото, е дом на 47 видови ајкули, вклучувајќи ја сината ајкула и големата бела ајкула.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови