18 Декември, 2025
0.2030

ПАТУВААТ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОМЕТРИ: Какви пратки најчесто испраќаат македонските граѓани на блиските кои живеат во странство?

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 07:32

Добивај вести на Viber

Од македонските компании кои превезуваат патници до европските земји каде многу наши граѓани се иселени, велат дека најблиските им испраќаат секакви пратки, од зимници, до облека, документи или некој поспецифичен подарок.

Се случува по комбињата или автобусите, луѓето да пратат и домашен ајвар.

„Јас сум праќала гардероба на ќерката која е во странство“, вели Јасмина од Делчево.

Оние граѓани кои веќе користеле вакви услуги, додаваат дека барем еднаш годишно имаат пратки за своите најблиски кои се во Германија, Швајцарија, Словенија...

„Имам праќано документи по комбе или автобус. Гардероба исто имам праќано, но и турско кафе за до Германија каде работи моето дете“, објаснува Татјана М. од Делчево.

Ако во нивната општина нема превозник кој сообраќа до посакуваната европска дестинација, тогаш бараат превозници од соседните општини.

„Има секакви пратки. Зимница праќаат најмногу. Праќаат облека, некое парче мебел, може да се случи да пратат лаптоп“, објаснуваат од компанија од источна Македонија.

Дел од превозниците велат дека селектираат какви пакети ќе земат.

„Зимници не носиме преку граница, но документи испраќаат. Генерално сме фокусирани на превоз за патници, а пакети поретко земаме“, велат од туристичка агенција од западна Македонија која има редовни линии до Германија.

Но, превозник од Струмица објаснува дека со годините состојбата многу се менува, односно бројот на патници и пратки сега е многу помал од порано.

„Сега праќаат ајвар, лутеница. Мало креветче за дете се случи да пратат како подарок или ако се селат, носат дел од мебелот. По 15 до 20 тегли зимница праќаат, зависи, некој и 30 може да прати. Праќаат затоа што тоа го нема во Германија, домашно е, го направите бабите или родителите.  Не носат големи работи, туку поситни парчиња во смисла маси, столови, некое парче мебел ако им е омилено. Се случувало и мал велосипед за дете да пратат да го однесеме во странство. Некој праќа и документи. Кога ќе стигнеме таму, телефонски ги контактираме луѓето да си ги земат пратките. Пратки испраќаат не само струмичани, туку се јавувале и луѓе од другите градови, од Радовиш или Штип за да испратат нешто.  Сепак, не е како што беше порано. Сега многу од луѓето се трајно отселени и не се малтретираат, таму си купуваат што им треба. Пред 10 или 15 години имаше поголема фреквенција на патници, а имаше и повеќе пратки тогаш, сега бројот се намалува, затоа што нашинците си патуваат авионски и тоа што им треба сѐ почесто си го купуваат таму. Во иднина ќе има помалку и помалку и патници и пратки, затоа што луѓето не се движат, поретко доаѓаат на одмор во Македонија, а одат на летување во Шпанија, Португалија, одат во Мароко. Младите не доаѓаат веќе толку често. Ако имаат свадба, ако имаат повод, тогаш доаѓаат. Некои патуват и со автомобили, се групираат. Патниците од западна Македонија мислам дека почесто се возат со автобуси, а во источна не е баш така, почесто си патуваат авионски“, вели струмичанец кој сообраќа до Германија и Швајцарија.

Превозниците објаснуваат дека најевтини се пратките кои содржат документи, односно нив ги наплаќаат 5 евра и бараат истите да бидат во плик. Другите пратки ги наплаќаат поскапо. За некои парчиња мебел, за транспорт се наплаќа од 200 до 250 евра. Истите услуги ги нудат и превозници во соседна Србија. Дел од нив бараат да се одреди вредноста на пратката, да се направи фотографија или детално да се напише што содржи пакетот.

Поголеми македонски заедници има во Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Италија.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија