Пауновски вели дека одбраната на интегритетот не наиде на разбирање кај Заев
Објавено во: Македонија 27 Април, 2021 21:16
Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој денеска со одлука на Владата е разрешен од функцијата, на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот “пркос” виделе искрени намери и желби за силна, стручна и независна европска институција.
„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот”, додава Пауновски.

Тој им се заблагодари и на сите вработени во ДПИ кои застанале рамо до рамо со него, додавајќи дека е горд на она што го направиле заедно.
Разрешувањето на Пауновски следи откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.
Тој кажа дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




