21 Мај, 2024
0.0277

Павле Богоевски: Апасиев врши притисок да се реновира неговата семејна куќа во Велес

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Активистот и поранешен пратеник Павле Богоевски на својот профил на Фејсбук сподели информација дека лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, на 30 декември кога ќе се одржуваат првите пратенички прашања во новиот собраниски мандат, најпрво ќе  изврши притисок за реновирање на „Куќата на Аликарови“, односно неговата стара семејна куќа во Велес.
„Апасиев „неподмитливиот“ го искористи своето прво пратеничко прашање за да изврши притисок врз Министерството за култура да ја реновира неговата семејна куќа во Велес (особено вториот кат).

Куќата на Аликарови е во сопственост на семејството на младиот профа од Велес. Тоа е објект кој е значително културно наследство и има реална потреба од реновирање и реставрација. Исто како што имаат уште најмалку десетина објекти во Велес и велешко, како и стотици други во државата. Факт е дека се потребни многу повеќе средства во оваа област, како што се потребни и во здравството, образованието и сл.

Но, за ова си има постапка која е во надлежност на Националниот Конзерваторски Центар. Во нормални услови, овие постапки можат да траат повеќе години, а во услови на пандемија, претпоставувам уште подолго.

Еден искусен правен експерт би требало да го знае ова, што значи дека свесно ја (зло)употребува говорницата во лични цели или уште полошо - доколку веќе има постапка пред Националниот конзерваторски центар - има цел да влијае во сопствена корист врз процедурата.

Затоа другарки и другари - во политиката, една од најубавите работи е времето. Кога ќе помине доволно, сите ќе си го покажат вистинското лице. Како што тргнала работава, воопшто не би бил изненаден второто пратеничко прашање да му биде кога државата ќе го обесштети за заробените партиски средства во Еуростандард. Повторно маскирано низ призмата на обесправениот народ, се разбира“, напиша Богоевски.



Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра