19 Декември, 2025
0.0395

Павле Трајанов ќе дејствува независно како пратеник во Собранието

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021 12:30

Добивај вести на Viber

Павле Трајанов од Демократски сојуз ќе дејствува независно во Собранието, најави претседателот на парламентот Талат Џафери на неформалната средба со новинарите. Пратеникот ќе го следи примерот на двајцата пратеници од ЛДП, кои исто така се одвоија од коалицијата „Можеме“.како пратеничка група, иако се дел од владеачкото мнозинство.

Премиерот Зоран Заев претходно рече дека е стабилно парламентарното мнозинство по излегувањето на пратениците од ЛДП од владејачката коалиција, иако одлуката да настапуваат самостојно ја смета за удар кон СДСМ, бидејќи моментот не бил баш погоден за тоа.

Заев уверува дека излегувањето на ЛДП не е поврзано со најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ново парламентарно мнозинство. Владејачката коалицијата „Можеме“ за брзо време ќе го докажела параламентарното мнозинство со плус пратеници најави Заев.

Либерално демократската партија соопшти дека пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе делуваат самостојно во парламентот. Иако ваквата одлука ја најавиле уште лани во август до сега од објективни причини не биле во можност да ја реализираат.

Трајанов смета дека самостојното делување на помалите партии носи повеќе процедурални погодности. Ситнењето на коалициите според него не мора да значат промена на власта. Павле Трајанов како лидер на ДС е дел од коалицијата „ Можеме“ предводена од СДСМ.

Самостоен настап во парламентот остварија и четворицата пратеници на БЕСА иако официјално се во коалиција со СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот