Добивај вести на Viber
Следната година системот за онлајн плаќање PayPal би можел да стане реалност во Македонија, ако се земат во предвид најавите на претставниците на PayPal за време на Конгресот Вебит во Истанбул.
Информацијата ја пренесува косовскиот ИТ блог Digjitale.com кој пишува дека големи се шансите PayPal да влезе во Косово и Mакедонија во 2014-та година. Како што наведува блогот, прашањето за достапноста на PayPal во Македонија и Косово, би можело да биде разгледано идната година.
PayPal од оваа година влезе на пазарот во Србија и Албанија. Од министерството на информатичко општество и администрација во повеќе наврати тврдеа дека земјава ги има исполнето сите услови за влез на овој систем за плаќање, но се зависи од одлуката на PayPal.
Како главни проблеми за влез се наведуваат малиот пазар и слабиот развој на е-трговијата во Македонија.