19 Декември, 2025
0.1027

Пазарот на мобилни телефони го достигна својот врв. А сега каде?

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2016 19:12

Добивај вести на Viber

Откако бевме сведоци на децении на континуиран раст, пазарот на мобилни телефони конечно го достигна својот врв, покажа анализата на CCS Insight. Во следните 5 години продажбата на телефони ќе се „вртат“ околу 2 милијарди парчиња.

За прв пат по многу години компонентите поскапеа, што го прави потежок опстанокот на малите производители. Аналитичарите очекуваат пад од 1,3% на светскиот пазар за мобилни телефони оваа година,. Се појавува сложена ситуација во повеќето региони, со исклучок на Кина, каде што пазарот ќе се опорави по многу слабата 2015 година и до крајот на деценијата продажбите во земјата ќе изнесуваат околу 450 милиони парчиња годишно.

Локомотивата на мобилната индустрија, остануваат смартфоните, токму на нив паѓа основниот дел од продажбата, забележува CCS Insight.

На пазарот оваа година ќе бидат доставени 1,42 милијарди паметни телефони, што е за 4,1% повеќе спрема 2015 година. Уделот на смартфоните ќе продолжи да расте - од 75% во оваа година до околу 90% до 2020 година.

Аналитичарите предвидуваат зголемување на растот по пенетрацијата на технологијата од четвртата генерација - LTE. Во оваа година се очекува да бидат испорачани 1,11 милијарди телефони со поддршка на LTE, а до 2020 година нивниот број ќе порасне до 1,65 милијарди, или 85% од сите телефони.

Истовремено, забавениот раст на мобилната индустрија и зголемената конкуренција ја влошуваат ситуацијата на помалите производители. Компаниите кои не се од рангот на Samsung, Apple или Huawei, сѐ потешко ќе одржуваат профитабилен бизнис со мобилни телефони.

Ситуацијата се комплицира уште повеќе од поскапувањето на компонентите во втората половина на 2016 година, во услови на дефицит на снабдувањето на дисплеи за смартфони, камери и мемориски чипови. Недостатокот на овие компоненти е предизвикан од резервација на достапните производствени капацитети од страна на големите играчи во индустријата, како и од неодамнешниот земјотрес во Тајван.

За прв пат по многу години, компонентите за мобилни телефони поскапуваат.

Под овие услови, за производителите со мали обеми ќе стане практично невозможно да бидат во профит, без да ги зголемат цените на производите, велат од CCS Insight.

За големи играчи како Samsung и Huawei, тоа ќе биде многу удобна можност да го зголемат притисокот врз конкурентите и да го зајакнат своето лидерство на пазарот, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии