24 Ноември, 2024
0.0345

ПАЗАРОТ НА ПОЛОВНИ ВОЗИЛА ПРЕД КОЛАПС - данокот и короната жестоко ги удрија плацевите

Објавено во: Економија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот данок и корона кризата силно удрија врз пазарот на половни возила во земјава. Ако минатата година месечно во просек се увезувале по 3.215 употребувани автомобили, од почетокот на годинава бројките се драматично пониски. 

Царината ги објави податоците за увозот на стари коли за јануари и за февруари годинава, но сопствениците на плацеви велат дека состојбата во март и во април е драматично полоша.

Во 2019 година, како што говорат бројките на Царинската управа, биле вкупно увезени 38.580 половни возила. Притоа треба да се има предвид дека најсилниот увоз беше направен во декември, кога граѓаните веќе беа информирани дека од стартот на годинава ќе се воведе данокот на возила, па оние што имаа намера да купат побрзаа да го сторат тоа по пониски цени. Или, во последниот месец од 2019 година биле купени 5.256 половни возила. Сепак, и во речиси сите други месеци, бројките на увезени коли се движат некаде околу три илјади, а толку беше и просекот доколку не се смета декември. 

Ова се показателите за 2019 година.

Затоа, пак, во јануари годинава увозот на стари коли бил многу понизок, или, увезени се 1.224 возила. Во февруари бројката пораснала и достигнала до 1.950 стари возила, што е сепак подобро од лошиот јануари. 

Сепак, увозниците на половни автомобили со кои разговараше Фактор велат дека во март и во април состојбата е буквално катастрофална.

Еден од сопствениците на плацеви не крие дека кај нив деновиве речиси и никој не доаѓа да купи употребувано возило. Една од причините секако е корона кризата и намалениот стандард на граѓаните, кои веројатно не сакаат добар дел од средствата со кои располагаат, да затворат за набавка на автомобил.

Сепак, според него, главниот фактор е многу повисокиот данок на половните возила.

„Толку многу ги зголемија давачките за старите автомобили, што на граѓаните веќе им е многу голем трошок да ги купат. Или, ако лани за еден Голф 5 на пример, давачките беа 500 евра, сега тие се 1.100 до 1.200 евра. Односно, трошоците се повисоки најмалку двојно, а некогаш и тројно“, вели еден увозник на половни автомобили.

Тој е револтиран од власта, која, како што вели, со новиот данок кој е повисок колку што возилото има повеќе издувни гасови, буквално го замре овој пазар, па на сопствениците на плацеви им трпи бизнисот, а на граѓаните им се одзеде шансата да дојдат до поевтини автомобили. Од друга страна, вели тој, не дојде до намалување на загадувањето на воздухот во зимските месеци.

Додека, пак, новиот данок очигледно дека им одговара на импортерите на нови возила. Во јануари годинава биле увезени 404 нови автомобили, а во февруари дури 570, или вкупно 974, што е повеќе од 419 и 465 нови коли во јануари и во февруари минатата година, односно вкупно 884 во првите два месеци од годината. 

Од Царината неодамна за Фактор изјавија дека оние кои имаа намера да купат користена кола, тоа веќе го сториле во декември лани. „Практично, граѓаните кои имале намера да купат половно возило, тоа го сториле во декември, така што веќе во јануари тој интерес спласнува“, објаснија неодамна од Царинската управа.

Во јануари годинава сопствениците на плацеви жестоко протестираа пред Царината, барајќи под итно да се повлече новиот закон за данок на моторни возила, заедно со новиот правилник, и да се вратат старите законски решенија. 

Увозниците тогаш предупредија дека некои од увозниците може да стават и клуч на плацевите. Ако не се исполнат  нивните барања се заканија со секојдневни  протести и блокади на улиците, но потоа протестите спласнаа.

Тогаш првиот човек на Царината, Ѓоко Танасоски, им порача дека засега на сила останува сегашната Уредба. Според него, забелешки на законот немаа сите увозници на автомобили, туку само оние што увезуваат половни возила.

Пред околу една година, пак, Владата најави дека разгледува опција за субвенции за замена на старо со ново или со користено возило со еколошки стандарди, односно со Еуро 5 и Еуро 6 нормативите. Таа најава предвидуваше граѓаните што ќе купат ново или половно еколошко возило, а старото ќе го исклучат, да добијат субвенции од 20 до 30 отсто од вредноста, најмногу до три илјади евра, но тоа да не смее да е поскапо од 10 до 12 илјади евра.

Потоа од таа идеја не излезе ништо, откако од Владата кажаа дека годинава такви субвенции не се планираат, ниту, пак, пари за тоа се предвидени во државната каса. Се правдаа дека оваа мерка би имала лимитирачки фактор, односно во буџетот би имало средства само за 500 до 1.000 граѓани. Од Владата тогаш најавија дека ќе излезат со нова мерка со која би се обновил возниот парк, но не ја открија, а потоа корона кризата ги распрсна и најмалите надежи дека граѓаните ќе добијат било каква државна помош за да набават ново или употребувано, но не толку старо возило, кое ги исполнува потребните еколошки стандарди.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“