19 Декември, 2025
0.0437

Пазете на повреди од метал и кучешки каснувања: Тетанус серум има само за пријатели

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 13:07

Добивај вести на Viber

Во поголемиот број апетки низ државата, ама и во државни болници низ земјава нема серум против тетанус. Станува збор за тетаболин серумот кој се инјкетира кога пациент е каснат од куче или кога има повреда од метал, железо, стакло. Во последниот период актуелни се пријавите на каснувања од куче, а повредите се секојдневие па граѓаните кои веќе се „изгореле“, велат дека поминале голгота дури најдат серум. Инаку последиците ако не се стави може да бидат и фатални.

Семејство од внатрешноста кое ја раскажа приказната за Фактор вели дека имале случај со повреда од железен предмет. Откако отишле во болницата во градот во кој живеат им било речено дека серумот го немаат. Побарале и во неколку болници во Скопје каде имале роднини кои можат да купат и по неколку часовна битка со времето важно за пациентот  успеале да најдат од голема приватна болница.

„Во градот во кој живееме немаше ниту во една аптека, а оттаму ни рекоа дека ова се случува прв пат  по подолги години. Баравме и во приватните клиники во Скопје, но и во 8 септември во главниот град. Ни рекоа дека ги има во веледрогерии на увозникот, но дека поради некои административни причини не се пуштени, рече роднина на пациентот.

Фактор се обрати во Министерството за здравство од каде демантираат дека серумот го нема.

„Серум против тетанус има во земјава. Увозник за Македонија е „ Македонија Лек“. Серумот го има на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, во Градската општа болница  „8 Септември“, Универзитетска Клиника  по хирушки болести “ Св. Наум Охридски“, но и во аптеките на  „Алби фарм, изјавија од Министерството за здравство.

Во Македонија лек и покрај нашите обиди не успеавме да добиеме коментар.

Вработени во други веледрогерии од Скопје потврдија дека серумот е дефицитарен.

„Кај нас е дефицитарен, го нема некое време, а не знаеме ниту кога ќе го има. Вие знаете кој е увозник и претпоставувам тие го имаат и си го пуштаат во нивни аптеки прво. Кај нас го нема, велат фармацевти од голема веледрогерија во земјава.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот