ПЦЕР реагира: Ова е валкана игра договорена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 18:29
Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со денешните изјави околу условите за коалицирање, сакаат да направат повторно хаос во земјата.
ПЦЕР тврди дека двете партии во изминатиот перод на коалицирање и владеење тоа и го докажале.
„Ова е валкана игра договорена меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ние сега очекуваме Уставниот суд да донесе одлука за укинување на СЈО како нелегитимно и со тоа ќе настане уште една криза. Парламентот според договорот од Пржино треба да донесе нов закон во рок од 5 дена, но тоа не е можно затоа што нема избран преседател, не е формирана влада и фактички ќе нема кој да го донесе тој закон“ наведува ПЦЕР.
Во такви услови велат од ПЦЕР ќе се создаде хаос кој им одговара на ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ.
„Тие сакаат да го снема СЈО како институција. Затоа ние му укажуваме на ВМРО -ДПМНЕ да не си играат со државата и македонскиот народ. Ова нема да го дозволи народот,државата е на народот не на ВМРО- ДПМНЕ“ ,наведуваат од ПЦЕР.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




