18 Декември, 2025
0.0415

ПЦР-ТЕСТ НЕ ПРАВАМ, НЕ ДАВАМ ПАРИ ВО ПРИВАТНА ЛАБОРАТОРИЈА: Граѓаните лути-термини за тестирање во центрите за јавно здравје нема

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2022 08:05

Добивај вести на Viber

Огромен број граѓани со симптоми на корона вирусот или воопшто не се тестираат или пак со тест за домашна употреба купен од аптеките самите си потврдуваат дека се заразени со ковид-19. Веќе подолго време нема термини во центрите за јавно здравје за правење ПЦР-тестови заради што луѓето кои се болни и побарале лекарска помош од матичните лекари или се упатени во другите градови или пак им е советувано да се тестираат во некоја од приватните лаборатории. Но, најголем број од нив одбиваат тоа да го сторат бидејќи цената е превисока за нивниот буџет:

- Докторка, знам дека имам ковид, си купив тест од аптека. Ве молам да ме лечите според напатствијата за корона вирусот. ПЦР-тест не правам во приватна лабораторија, ниту пак одам во некој од другите градови и тоа ми е голем трошок.

Ова се само дел од одговорите на пациентите во разговор со нивните матични лекари.

-Во Скопје дефинитивно нема никаде термини, а има преголема навалица на пациенти. Системот ни отвора термини за ПЦР-тстови во помалите градови, Тетово, Куманово, Гостивар, Велес...Ги прашуваме дали сакаат упат за таму, но тие најчесто одбиваат. И самото патување им е трошок. За приватните лаборатории, особено пензионерите, или оние со помали примања, не сакаат да слушнат. Многу пациенти почнаа брз антиген тест да прават во приватните паборатории, цената е некаде околу 900 денари, колку толку е поефтин од ПЦР-тестот. Најважно од се е што кој и да дојде со симптоми на вирусот, прво го упатувам да направи крвна слика, со сите параметри и ДД-мери, а потоа во зависност од симптоматологијата почнува лекувањето. Има луѓе како што реков, кој воопшто не се влезени во системот и нам како лекари, хартијата воопшто не ни е важна. Им издаваме боледување со дијагноза на ковид и ги праќаме секаде каде што треба да ги направат сите потребни анализи. Станува збор за пациенти кои се навистина дисциплинирани и високосвесни, и без разлика што немаат решение за изолација, самите се изолираат, вели во разговор за Фактор, матичната лекарка Македонка Попова Спасеска.

Истовремено, матичните лекари посочуваат дека системот Мој Термин, термините ги пушта само еднаш неделно, во петок.

-Доколу, пациентите се јават во понеделник со симптоми, веќе нема шански да се закаже тестирање за таа недела, бидејќи сите термини се веќе зафатени. Тоа автоматски значи дека болниот треба да чека до петок, да се отворат нови термини, а тестирањето ќе може да се направи најмалку една недела подоцна од првите сеимптоми. Затоа пациентите одбиваат тестирања. Предоцна им е, и ние веднаш ги лекуваме според симптомите што ги имаат и не чекаме да потврдат дали се позитивни на вирусот, вели д-р Жаклина Арџелиева.

Инаку, министерот за здравство Беким Сали, пред неколку дена изјави дека побарал лабараториите да ги намалат цените на услугите и вели дека очекува тие позитивно да одговорат.

-Ние инициравме состаноци со сите чинители кои влијаат врз формирање на финалната цена на една услуга и очекуваме позитивно рефлектирање од нивна страна, да имаат разбирање и спремност цените да бидат симнати. Повеќе чинители има во формирање на цената, тоа се увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во контакт сме со Фондот за здравство и преку нив комуницираме и со лаборатории и со увозници, јас се надевам на позитивно рефлектирање од нивна страна. Секој ден имаме ублажување, односно намалување на бројот на новоинфицирани и на бројот на хоспитализирани пациенти. Ние чисто ги замолуваме нив, бараме од нив да преземат мерки колку што е можно повеќе да ја намалат цената која што е финална кон граѓанинот, изјави Сали.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери