ПЕЧАЛБАРСКО СЕЛО ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Мештаните не се плашат за себеси, туку за своите деца во Италија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2020 06:54
Селото Скудирање во Општина Маврово – Ростуше е печалбарско, а повеќето млади и работоспособни жители се на работа во Италија.
Зурап Куртовски, жител на селото и директор на основното училиште „Блаже Конески“, вели дека од 3.800 жители, околу 2.500 се во Италија. Мештаните ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, и претежно се во своите домови со најблиските. Набавката на храна не претставува проблем во овие тешки денови.
„Во попладневните и вечерните часови нема човек на улица, сите се дома, освен ако некој има итна потреба. Нашиот крај е печалбарски и повеќето млади се во Италија. Дел од нив се вратија, но има и некои од постарите кои отидоа кај децата во Италија, таму ги затекна кризата, и не се вратени во селото. Јас лично за себеси не се плашам, имам 62 години, тука сум со сопругата, но повеќе мислам за децата кои ми се во Италија. Во нашиот крај печалбарите инвестираат, градат куќи, отвораат погони и тука ја планираат иднината“, вели Куртовски.
Додава дека сега немаат никаков контакт со градот Дебар кој е во кризна состојба, иако се на неколку километри од градот.
„Дебар е град со маркети, зелен пазар, и таму луѓето претходно одеа за да се снабдат ако нешто им треба. Градот е центар на овој регион. Откако ова ќе заврши, ќе има некоја претпазливост, ќе има резерва затоа што сепак нашите луѓе внимаваат. Но, мораме ова да го пребродиме колку и да е тешко“, рече Куртовски.
На 13 март Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.
Движењето во овие две општини е ограничено.
Заразени во наведените оштини се појавија откако локални жители се вратија од Италија.
Во градот се заразија лекари и медицински сестри, а имаше и неколку смртни случаи.
Сања Атанасовскафото Википедија
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




