ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024 18:32
Претседателот на бугарската партија Движење за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски вели дека сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија.
Според Пеевски, постојаните навредливи изјави за Бугарија и Бугарите од страна на политичките лидери од Северна Македонија уште еднаш покажуваат дека бугарската страна сè уште ги нема преземено неопходните решителни дејствија „за да се запре овој бран на понижување и навреда кон нашата држава“.
„Ако сакаме да ја исполниме одговорноста што ни ја доверија бугарските граѓани, сите политичари и институции мора да се обединат за да ја заштитат нашата национална чест и достоинство, без разлика на нашите политички определби и предрасуди“, вели Пеевски, пренесува епицентар.бг.
Николоски рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.
фото Фејсбук /Делјан Пеевски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




