Пејачот Ламбе Алабаковски го запалил клубот „Иван Михајлов“
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2022 11:18
Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, неофицијално дознава „Слободен печат“ .
Алабаковски неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека сторителот Л.А.(34) од Битола го предизвикал инцидентот во саботата рабо наутро. Пејачот беше најавен дека ќе настапи на мега концертот на „Меморија“ во сабота како специјален гостин.
Описот на пироманот од Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска која веднаш по настанот се упати од Скопје во Битола каде беше брифирана за сторителот во полициската станица.
– На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерн, рече Генчовска и додаде дека овој настан нема да влијае на односите меѓу РСМ и Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




