ПЕКАБЕСКО донираше млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите
Објавено во: Мои пари 09 Август, 2016 12:51
Вчера, на пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток, Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна наменета за настраданите во поплавите.
Компанијата Пекабеско се приклучи на огромниот број хумани граѓани, компании и организации кои несебично донираат за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопје.
За таа цел, Пекабеско обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот Крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.
Покрај ова, компанијата упати апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање на храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.
„Обврска на секој човек или правно лице е во прв план да ја стави хуманоста и солидарноста, особено во вакви тешки моменти со кои се соочуваат нашите сограѓани. Никому повеќе да не се случи. Никогаш повеќе да не се повтори!“, изјавија од Пекабеско.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?






