18 Декември, 2025
0.0514

Пекинг: Војна меѓу САД и Кина е неизбежна, доколку Вашингтон не се смири

Објавено во: Свет 25 Мај, 2015 10:58

Добивај вести на Viber

Кина упатила дипломатска нота до Вашингтон во врска со разузнавачкиот лет на американскиот шпионски авион над делови од оспореното Јужно Кинеско Море минатата недела.

Ова го соопштиле од Министерството за надворешни работи на комунистичката држава.

Морнарица на Кина упатила 8 предупредувања кон американски воен авион „P8-A Poseidon“ - најмодерниот авион за разузнавање на САД - за време на летот во регионот во средата. Информацијата беше соопштена и од тимот на „СиЕнЕн“, кој бил во авионот.

Кина има претензии кон 90% од територијата на Јужното Кинеско Море, што се смета дека е богато со нафта и гас. Претензии имаат исто и Брунеи, Малезија, Филипини, Виетнам и Тајван.

Минатата недела Кина предупреди дека активностите на САД во Јужното Кинеско Море се неодговорни и опасни.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина денеска изјавил дека Пекинг го повикува САД да ги поправат своите грешки и да ги заобиколат „неодговорните реторики и делата“ за Јужното Кинеско Море.

Кинескиот државен весник „Global Times“ пишува дека „неизбежна е војната“ меѓу Кина и САД за Јужното Кинеско Море, ако Вашингтон не престане да инсистира пред Пекинг да ја прекине изградбата на вештачки острови.

Американскиот авион прелетал над областите каде Кина гради вештачки острови. Вашингтон истакна дека летот бил во согласност со меѓународното право.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“