Пендаровски му порача на Апасиев дека би добил ќотек: Ми пцуеше родител кој е 10 години починат
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 15:21
Претседателот Стево Пендаровски му порача на лидерот на ЛЕвица дека неговата мајка е почината веќе 10 години и дека физички би се пресметал со него доколку тоа му го кажел во очи.
- Тој тип минатата година ја пцуеше јавно Радмила Шекеринска, и знам за каква креатура се работи, но да ми пцуе починат родител не можам да разберам. Мојата мајка е почината пред 10 години, но не се простува пцуење на гроб на родена мајка. Тој е психопат кој е или луд или нашмркан. Избран пратеник во парламент никаде не пцуе родител на колега политичар. На Балканот тие работи ако имаш нешто меѓу нозе се кажуваат во очи, па ќе знаеше што ќе му следува. Но што да очекувате од такво големо македонско маже кое не турка далеку од фундаменталните вредности, рече денеска Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.
Пратеникот Апациев доцна во петокот му упати пцовка на шефот на државата преку социјалните мрежи затоа што Пендаровски не се огласи дали го подржува францускиот предлог.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




