19 Декември, 2025
0.0631

Пендаровски против три и пол дневниот карантин: Светот ќе мора да научи да живее со вирусот

Објавено во: Македонија 16 Април, 2020 14:36

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, по завршување на седницата на Советот за безбедност рече дека не му се допаѓа тоа што цела Македонија треба да биде во карантин од повеќе од три дена со забрана за движење од утре од 16.00 часот до вторник до 05.00 часот.

- Во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80- часа спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки. Истото го мислам и за стопанството. Треба да се размислува за фазно постепено враќање на економската активност во нормала. Целиот свет ќе мора да научи да живее со корона вирусот, рече Пендаровски.

Тој рече дека вонредната состојба чии 30 дена истекуваат денеска дека нема да биде формално-правно продолжена, затоа што нема уставен основ, и ќе биде донесена нова 30-дневна.

- Во ситуација кога Собранието не работи, се носи нова одлука за вонредна состојба. Тоа не ја намалува одговорноста сите политички субјекти да ги кажат своите ставови на средината на мај кога ќе ги има истите дилеми, наведе шефот на државата.

Пендаровски на верниците им ги честиташе велигденските празници и напомена дека и правото на вероисповест е нормално да се ограничи, кога се ограничува правото на движење и на образование.

- Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите. Правото на слободно движење и правото на образование веќе се ограничени, смета Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата