Пендаровски: Протоколот уште не е усогласен и потпишан
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 15:00
Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за национална безбедност рече дека го прифаќа новиот француски предлог, но дека треба и да се стави анекс на истиот дека во иднина Бугарија нема да ја уценува Македонија со нови барања.
„Откако овој предлог ќе стане европскат рамка, ќе бидат редуцирани националните блокади од Бугарија.
Ако се протне некое барање, уште денес Владата да додаде еден пасус - се согласуваме, но до крајот ќе одбиеме било какви преговори ако доаѓаат и од кого било да доаѓаат нови барања. Тоа би било еден вид на анекс на резолуцијата која ја усвоивме минатата година во парламентот. Да не дојдат нови барања од некоја идна бугарска влада или од некоја од другите земји-членки на ЕУ.
Очекувам како заклучок на Влада да има една реченица и во извештајот до Парламентот - од денот на отворање до завршување на преговорите ако има дополнително обиди на бугарската страна за влез во дискусиите за македонски јазик и идентитет, ние самите да се повлечеме од тие преговори“, рече Пендаровски
Што се однесува на протоколот, тој рече дека го видел, но дека не е финализиран за да може да биде објавен пред јавноста.
- Не е усогласен и не е потпишан протоколот, инаку јас го знам, рече шефот на државата.Тој наведе дека за промена на учебниците, прво треба да се согласат членовите на мешовитата историска комисија.
- И ние ќе ги добиеме нивните наставни програми и курикулум. Не постои таква точка во која тие ќе ги проценуваат нашите учебници. Тоа е двострана обврска. Комисијата од историчари, наши 7 и нивни 7, прво тие треба да се согласат. Нема теоретска шанса нашите да се согласат дека нешто што не повредува дека тоа ќе помине. Потоа и нивните препораки одат до Владите и таму се одлучува на паритетна основа. А дури потоа фазата е во Министерството за образование, тврди Пендаровски.
За санкциите за говор на омраза кон Бугаријте, Пендаровски додаде дека Европската комисија ќе одлучува за тоа „што е говор на омраза“.
Претседателот на државата наведе и дека не се работи за нов француски предлок, туку за одредени модификации.
- Разликата е во модификации, не е комплетно нов документ, но треба да му се верува на францускиот претседател Емануел Макро, смета Пендаровски.
За средбите еднаш годишно помеѓу владите, тој истакна дека Европската комисијја ќе прави евалуација што е направено а што не.
- Подобро е Брисел да не проценува, отколку Софија, односно само Софија, кажа Пендаровски.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




