19 Декември, 2025
0.0367

Пендаровски вети дека украдените пари ќе бидат вратени

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2016 14:25

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 денеска изјави дека Владата  годишно како буџет испумпувала по 400 милиони евра и дека парите ќе бидат вратени ако победат на избори. 

Вели дека ако се земе в предвид дека се 10 години на власт, лесно ќе се дојде до крајната бројка на украдени пари од буџетот пред се преку тендери, што изнесува преку 5 милијарди евра. Пендаровски објаснува дека тоа е само еден начин на кој Владата крадела пари од граѓаните и од сопствената држава. 

„Вкупната бројка на украдени пари во изминативе десет години во РМ, украдени од Владата на РМ изнесува 7 до 8 милијарди евра. Главното прашање кое го поставуваат граѓаните е дали тие пари можат да се вратат и дали тие што го направија овој најголем грабеж ќе одговараат. За ова постои неспорна политичка волја кај опозицијата предводена од СДСМ, тоа да го направи. Од првиот ден институциите ќе ги гонат криминалците кои ова и го направија на сопствената држава“ - вели тој. 

Тој порача дека ако во недела граѓаните гласаат за број 4, ветува дека парите кои се украдени ќе бидат вратени во државата. 

Додава дека нема никаков проблем тој имот да се конфискува, независно дали е тука или надвор. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината