Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, по повеќе од 70 отсто преброени гласови од првиот круг на вечерашната прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е сигурна дека ќе победи на 8 мај, иако Гордана Силјановска Давкова освои убедлив број на гласови.
„Чудно е што ВМРО-ДПМНЕ не зборуваше за победа во вториот круг и денес не се сигурни дека ќе победат во вториот круг. Има мнозинство македонски граѓани кои се за овој концепт кој јас го предлагам, а не за стариот концепт кој ја уназадуваше државата. Од утре се гледаме на терен“, порача Пендаровски.
Според Пендаровски, резултатите не биле такви како што ги очекувале и очекува разлика од 130.000 гласови во корист на Силјановска Давкова. Актуелниот претседател додаде дека допрва ќе се анализираат причините за убедливиот пораз во првиот круг.
„Тоа треба да го покажат анализите, по општини и изборни единици. Политичката кондиција не беше на завидно ниво во однос на 2019 година. Знаете што во меѓуврмее се случуваше, а без коалиција не може да рачунате да влезете во политичка трка. Успеав да додадам некоја вредност во заедничкиот коалициски круг. Во вториот круг очекувам поголема поддршка“, искоментира тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.