16 Јуни, 2025
0.0289

ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ БИ РАБОТЕЛЕ АКО НЕ МОРААТ: „Кој би ангажирал стар човек, кој не се разбира во технологија?“

Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 07:13

Добивај вести на Viber

Носењето на Законот за работно ангажирање, со кој ќе се регулира работното ангажирање на лица кои не се во работен однос, кои се вработени, пензионери и студенти, беше позитивно пречекано од пензионерите кои се чини дека посакуваа ваква прилика за да можат да се вработат.

Сепак се поставува прашањето, дали пензионерите ќе работат затоа што сакаат, или затоа што ќе мораат?

Согласно овој закон лицата кои ќе бидат ангажирани по овој основ, нема да ги загубат стекнатите права по другите основи. На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава која ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници.

Скапиот живот, кој со себе носи високи цени почнувајќи од храната, ги прави пензионерските денови тешки и неизвесни. Дали се во брак или сами, на пензионерите не им е лесно. Мора да плаќаат сметки, да купуваат лекови од кои дел се на позитивната листа, но дел мора да си ги плаќаат приватно. Дополнително тука се трошоците за облека, за греење....

Екипа на Фактор, одлучи да направи анкета помеѓу пензионерите. Ги прашавме од кои причини би работеле сега откако законот е донесен.

Мнозинството велат дека би работеле затоа што мораат, не затоа што сакаат.

„Да ми стигнуваше пензијата, немаше ни да помислам на работа, напротив. Ќе си шетав со другите пензионери, знаете, и за стари има доста интересни активности. Пензијата е замислена за да се ужива во неа и деновите, да се шета, да се игра со внуци, да се прават многу убави работи. Но, со оглед на тоа што не ми стасува пензијата, а живеам сама, јас морам да работам“, вели пензионерката Верка С., од Скопје.

Таа вели дека би работела се. Не се срами да чисти, но со оглед на тоа што е со високо образование, вели дека добро би се снашла дури и во некоја државна институција.

„Јас имам завршено факултет. Иако сум пензионерка, би можела одлично да работам и во некоја владина институција“, низ смеа ни одговори таа.

Најголемиот број пензионери велат дека би работеле, од причина што им требаат пари. Оние од нив кои што се „агилни“ и се уште активни, велат дека и самите добиваат понуди за работа од проста причина што нема кој да работи.

„Ние пензионерите сепак не можеме да работиме на места каде што можат да работат помлади луѓе. Ние денес не се разбираме во технологија така како што се разбираат младите, не сме брзи. Не можеме да работиме во кол центри, ниту пак во администрација. Не можеме да продаваме во маркети, не можеме да работиме градежништво, па дури ни како чираци. Каде би бил јас од помош? Добивам понуда за работа во приватна фирма на синот на еден пријател, само затоа што тоа сум го работел тоа пред да се пензионирам. Да, нема да излажам дека бев, но ништо не е исто како тоа што јас го работев. Да, дејноста е иста но многу поинаку сега се извршува“ вели пензионерот Димитар.

Од одговорот на Димитар, природно се појавија уште прашања. Кој би ги ангажирал пензионерите и каде тие би биле од корист? 

Останува на времето да покаже дали овој закон ќе им биде од корист на оние за кои е донесен. Да се надеваме дека секој што ќе има потреба да остварува дополнителна заработка, тоа ќе може да го направи. 

Од партијата на пензионери со позитивна реакција

Партијата на пензионери го поздравува носењето на Законот за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија на државата.

Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала вакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на лицата кои се пензионери и студенти.

„Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите, но и самата држава беа губитници.

Донесувањето на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите“, се вели во нивната реакција.

Оттаму предлагаат во блиска иднина да се прошири можноста за работно ангажирање на студентите и пензионерите во сите приватни дејности.

„Со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери“, се вели во нивната реакција.

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Дали платината станува новото злато?

Дали платината станува новото злато?

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти