17 Декември, 2025
0.0537

Пешевски: Растот на индустриското призводство резултат на подобрувањето на бизнис климата

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2013 12:50

Добивај вести на Viber

Растот на индустриското производство во Македонија не е изненадување,  но сепак треба да бидеме внимателни, бидејќи не се работи за некој раст што укажува дека кризата е завршена зашто таа во голема мера ќе зависи од екстерната побарувачка.

Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата и десетгодишнината од постоењето на Институтот за акредитација на Република Македонија.

- Благото покачување на индустриското производство е резултат на големиот број проекти кои помагаат во работењето на фирмите и на работата на самите компании. Таков е и денешниот настан на кој ќе бидат доделени сертификати  за акредитација на преку 20 институции. Овие напори се во насока на подобрување на бизнис климата и овозможување на домашните компании своите производи  и услуги да ги акредитираат во Македонија и понатаму да бидат рамноправно третирани од сите институции во Европа и во светот, изјави Пешевски.

Тој посочи дека Владата прави се што може за да им помогне на домашните компании со што е можно помали трошоци и административни бариери во земјата и во странство да настапуваат во бизнисот, но оти не може да влијае на екстерната побарувачка.

- Кризата се уште не е надмината и сите досегашни проекции до кога ќе трае на еден начин се пролонгираат. Важно е дека во Македонија споредбено со останатите држави  во регионот тенденциите се нешто поповолни и сите меѓународни финансиски институции кажуваат дека релативно добро се справуваме со кризата. Сепак, треба да бидеме внимателни иако очекуваме позитивни трендови, нагласи вицепремиерот Пешевски.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје