Пет години гаранција на одбрани Samsung уреди од бела техника
Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2020 10:57
Samsung пружа пет години гаранција на одредени модели на машини за перење алишта, фрижидери и вградена техника, купени во период од 15.02. до 30.06.2020. година, како и на одредени машини за сушење алишта и на комбинирани машини за перење и сушење на алишта од 15.02. до 31.03.2020. Компанијата го подготви новиот бран на промотивни активности со цел да се пружи поголема сигурност на своите корисници, како и да ги награди за својата верност.
Доколку се одлучите за купување на Samsung QuickDrive™ машината за перење алишта, ќе бидете во можност да го преполовите времето на работа и трошењето на електричната енергија, без да го загрозите квалитет на перењето. QuickDrive™ машината за перење содржи Q-Drum™ главен барабан и позадинска плоча кои се вртат независно, што овозможува динамично перење на облеката. Овие машини за перење алишта имаат и AddWash™ врата, која овозможува едноставно и брзо додавање на заборавена облека по започнувањето на циклусот. AddWash™ вратата се отвара само кога температурата во барабанот е под 50°C.
За беспрекорен изглед на кујната е креиран Samsung RS8000, по последните трендови кои што го диктираат дизајнот. Овој фрижидер нуди повеќе простор за вашите намирници, благодарејќи на Space Max технологијата со додатен внатрешен простор. Со опцијата Twin Cooling Plus™ која ја оптимизира технологијата и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот, вашата храна ќе остане посочна и посвежа двапати подолго, без мешање на мирисите.
Освен тоа, гаранцијата од пет години се однесува и на одредена вградена техника, како што е новата Samsung Dual Cook Flex рерна за подготовка на повеќе јадења со помош на Dual Cook системот. Отсега можете да подесите две различни температури и време неопходно за подготовка на јадењата, за да се постигне најдобар можен вкус на храната во текот на истовременото готвење. Dual Cook исто така спречува мешање на мириси, а нејзината флексибилна врата овозможува независен пристап на горниот дел на рерната, без да се изгуби топлината и да се загрози готвењето во долниот дел.
Промоцијата вклучува и WaterWall ™ машина за перење садови која совршено ги чисти сите садови по сите агли, како и Virtual Flame ™ плочата за готвење која што пружа едноставна визуелна контрола на пламенот.
Комплетната листа со производи побарајте ја на страницата samsung5godinigarancija.mk и изберете ги оние кои што недостасуваат во Вашиот дом.
За да остварите право на 5 години гаранција, уредот мора да биде регистриран на интернет страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна 30 дена од денот на купување.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




