23 Ноември, 2024
0.0356

Пет години КОСТАЛ Македонија, филијалата во Охрид со илјада вработени

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Деновиве навршуваат 5 години од оперативниот старт на фабриката на КОСТАЛ во Охрид.

Германската семејна компанија која е гигант од областа на автомобилската индустрија се вкорени во нашето миље, достигнувајќи бројка од околу 1.000 вработени и како еден најпосакуваните работодавачи прерасна во неизбежен дел на локалната, регионалната и националната економија.

На одбележувањето на овој значаен 5 годишен јубилеј беа присутни Каи Кникман, Главен извршен директор, Хансјорг Херман, Главен оперативен директор и Извршниот потпретседател Кристофер Сандерс, а фабриката на КОСТАЛ во Охрид ја посети и Ото Граф, Заменик Амбасадор на Германија кој беше присутен во својство на Chargè d’ Affaires.

Покрај идните развојни планови, што беше во центарот на вниманиетото за време на оваа посета,јубилејот беше свечено заокружен со врачување на плакети во знак на благодарност на вработените за нивната лојалност и посветена работа во Компанијата во изминатите 5 години.

„Денес со КОСТАЛ дискутиравме околу одредени прашања во врска со инвестирањето во Охрид. Како што знаете, во Северна Македонија има неколку германски компании кои се активни и имаат свои производствени капацитети на многу различни локации. КОСТАЛ е многу уникатен пример, затоа што е компанија која не е лоцирана во главниот град, туку во Охрид, а сепак е компанија со технолошки најнапредно производство на Германска компанија во земјата. Има многу фактори кои се важни за инвестирање, кои се од политичка природа и токму за тие прашања разговаравме денес. Ние сме во постојан контакт со Владата на Северна Македонија за да ги дискутираме прашањата кои се поврзани со инвестициите, а наша цел е да создадеме клима во која и локалните и странските компании ќе можат да напредуваат. Мислам дека денешната посета овде е многу добра можност да се согледаат можностите, како и она што може да се подобри во иднина. КОСТАЛ со 1000 вработени кои работат во Охрид е една голема успешна приказна, и и’ посакуваме среќа и успеси во идниот раст и развој во Северна Македонија“, вели Граф. 

Каи Кникман, Главен извршен директор Директор на KOSTAL AUTOMOTIVE ELEKTRIK, Германија вели дека пет години откако Костал е лоциран во Охрид, и тоа се пет години на успеси! 

„Тоа значи дека најнапред успеавме да изградиме фабрика на браунфилд локација и да започнеме напреден бизнис, на што сме особено горди. Ние сме технолошки лидер, а истовремено сме и семеен бизнис, и истото гордо го комбинираме во нашите операции и постигнувања овде. Тоа се должи на природата на поддршката која ја добивме како на локално, така и на регионално и национално ниво, и КОСТАЛ навистина се чувствува како дома, овде - во Охрид. Сакаме да го одржиме тоа, и за да растеме и понатаму ни требаат вистински најдобрите услови на поддршка и стратегија за инвестиции. Кристално е јасно дека не само што креираме работни места, туку и помагаме на економијата, креиравме капацитети за обуки, ги поддржуваме нашите вработени и го унапредуваме претприемништвото, и тоа е нешто што дефинитивно сакаме да биде одржано и да продолжи и во следните години. Тоа е она што ни треба, и за тоа сме тука!“, рече тој. 

Виктор Мизо, Генерален директор на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА изјави дека компанијата како дел од поширокото семејство на Групацијата КОСТАЛ, овде во Охрид празнува 5 години од почетокот на своите операции.

„Денес, најнапред би сакал да им се заблагодарам на сите чинители кои беа и кои се дел од оваа наша заедничка успешна приказна, кои овозможија истата да започне и да се развива низ годините. Сакам да им се заблагодарам на посветените колеги, за кои вработувањето во КОСТАЛ беше продолжување на професионалната кариера, за некого прво вработување, локација за студентска пракса или прв ангажман како инженер на тренинг. Сеедно, за секого од нас, место во кое во изминатите години, градејќи го КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, работејќи во услови на технолошки напредно производство, се градевме и надоградувавме себеси, како лидери, професионалци и личности. Од друга страна, работејќи заедно, ги градевме и надоградувавме грижата еден за друг, почитта, респектот и уважувањето, како заеднички влог во взаемната лојалност. Ни престои иднина која ќе биде исполнета со нови комплексни проекти кои имаме намера да ги донесеме тука, кај нас. Дел од овие проекти се вбројуваат во најкомплексните во рамките на Групацијата КОСТАЛ, за што покрај посветеноста на внатрешните ресурси, ќе биде неопходна повеќе од порано и поддршката од институциите, и тоа на повеќе нивоа. Многу нови предизвици се пред нас, но знаејќи ја посветеноста на тимот на КОСТАЛ, како оној на интернационално, така и на локално ниво, нестрпливи сме да ја зграбиме нашата шанса - да го направиме КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА најважната европска производна локација во рамките на Групацијата КОСТАЛ“, кажа Мизо. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria