19 Декември, 2025
0.0453

Пет кандидати за нов газда на „Хеленик Петролеум“

Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2018 10:04

Добивај вести на Viber

Грчката агенција за приватизација објави дека пет потенцијални инвеститори изразија интерес за стекнување на мнозински удел во „Хеленик Петролеум“, една од водечките енергетски компании во Југоисточна Европа и сопственик на рафинеријата ОКТА кај Скопје.

Меѓу потенцијалните купувачи на 50,1 отсто од акциите на нафтената компанија се Alrai Group Holdings, Gupta Family Group, Glencore Energy UK, Vitol Holding и конзорциум составен од Carbon Asset Management DWC и Alshaheen Group, велат во грчкиот приватизациски фонд.

Бизнисот на „Хеленки Петролеум“ во Југоисточна Европа вклучува мрежа на бензински пумпи во Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, кои работат под брендот EKO, рафинеријата ОКТА во Македонија, како и голем број бензински пумпи во Кипар. Покрај ова, компанијата поседува и три од четирите нафтени рафинерии во Грција, што ја прави водечката нафтена компанија на Балканот.

Акциите на „Хеленик Петролеум“ главно се тргуваат на Атинската берза со секундарно котирање на Лондонската берза, а најголемите акционери на нафтената компанија се Панјуроијан оил анд индустриал холдингс со 45,47 отсто од акциите и грчката држава преку Фондот за приватизација со удел од 35,48 отсто. Останатите 19,05 отсто од акциите ги поседуваат институционални и приватни инвеститори.

Бизнисот на „Хеленик Петролеум“ вклучува трговија со горива, производство на нафта, производство на електрична енергија, истражување и екстракција на нафта и гас, обновлива енергија, консултантски и инженерски услуги.

М.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани