19 Декември, 2025
0.0645

ПЕТ ЛИЦА ПОД ИСТРАГА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА : четворица се во бегство, дел од нив опфатени и со предметот „Грчец“

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 12:33

Добивај вести на Viber

Врз основа на докази добиени преку Скај комуникација, Обвинителството почна истражна постапка против пет лица за производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

 Еден од нив, кој е петтоосомничен, е лишен од слобода. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка и за него обвинителството ќе побара да му биде определена мерка притвор.

Истата мерка ќе биде предложена за уште двајца осомничени – недостапни на органите на прогонот, додека за останатите двајца исто така недостапни на органите на прогонот, а кои претходно се опфатени со наредбата за истрага во предметот „Грчец“, мерката притвор е веќе определена и ќе се применува по нивно пронаоѓање.

- Врз основа на доказите добиени преку Скај комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. 

Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврати организирале неовластена набавка, пренесување и продажба на шест килограми наркотична дрога – кокаин од Кралството Холандија до Р Северна Македонија. 

Наркотичната дрога била наменета за понатамошна неовластена продажба во државава - се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.

Од Обвинителство појсануваат дека осомничените и сега починатите заеднички преземале инкриминирачки активности дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластена набавка на наркотичната дрога, организирање на нејзино пренесување и складирање на соодветна скриена локација, како и нејзина распределба заради понатамошна неовластена продажба. 

Со дејствијата опишани во наредбата, осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Од МВР пак посочуваат дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во склоп на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ врз основа на докази добиени преку Скај комуникацијата, денеска (16.07.2025) извршија претреси на три локации, при што од слобода е лишен Ф.К. (29) од Скопје.

- Во рамки на анализа на податоците добиени од Европол и ОТФ Лимит обезбедени се докази за членови на организирана криминална група кои во текот на 2020 и почетокот на 2021 година во два наврати организирале набавка и пренесување од Холандија на шест килограми наркотична дрога кокаин, кој бил наменет за продажба на пазарот во Р.С.Македонија. 

Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК против пет лица македонски државјани, од кои дел беа опфатени и во претходна истрага и се уште се недостапни на органите на прогон и за нив се распишани меѓународни потерници - се потенцира во соопштението на МВР. 

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти