19 Декември, 2025
0.0541

ПЕТ ЛУЃЕ КОИ ПОВТОРНО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОВИД ПОЧИНАЛЕ, ИМА И СЕДУМ СМРТНИ СЛУЧАИ КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ: ИЈЗ детално за починатите од почетокот на епидемијата

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2021 10:31

Добивај вести на Viber

Институтот за јавно здравје, објавувајќи го неделниот извештај епидемиолопката состојба со корона вирусот во Македонија, објави и податоци за смртните случаи цо земјава и тоа од почетокот на избувнување на епидемијата до 12.септември. Во извештајот Институтот за јавно здравје наведува:

Заклучно со 12.09.2021 вкупно се регистрирани 498 реинфекции (евидентирана една втора реинфекција).

Регистрирани се 6.277 смртни случаи (Лт = 3,4%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.106) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.174,0/100.000 жители. Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 371 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 5.906 (94,1%) починале во хоспитални услови, соопштува ИЈЗ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот