Петгодишна програма за аграрот, ќе се офајдат ли земјоделците?
Објавено во: Агробизнис 18 Октомври, 2012 16:03
Програмата предвидува драстично зголемување на субвенциите и е проектирана на вкупно 700 милиони евра. Доби позитивна оценка од странските експерти, но мерките се уште се дефинираат. Во текстот, како што рече ресорниот министер Љупчо Димовски, има место за сите издржани забелешки.
- Планираната сума што навистина е солидна, сакаме да ја реализираме во вистинска насока. Акцентот ќе биде ставен врз производството на сточна храна, примената на агроеколошките мерки и користењето сертифициран семенски материјал што ќе значи поголеми и поквалитетни приноси особено на житните и градинарските култури, нагласи Димовски. Од начинот на реализација на програмата ќе зависи дали од неа ќе се офајдат и земјоделците, оти и досега се даваа субвенции, но тие не донесоа поголем принос на земјоделски производи, туку повеќе беа социјална мерка за земјоделците, сметаат експертите.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





