Добивај вести на Viber
Владата денеска на седница ќе ја усвои петгодишната Програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој проектирана на вкупно 700 милиони евра. Се очекува, истата да придонесе за обезбедување доволно храна, но и задоволување на бараните количини за извоз.
На јавната расправа, ресорниот министер Љупчо Димовски, истакна дека Програмата предвидува драстично зголемување на субвенциите, а целта е земјоделците да го прошират своето производство, да го подобрат квалитетот и да ги надградат сопствените бизниси.
“ Планираната сума, што навистина е солидна, сакаме да ја реализираме во вистинска насока. Акцентот ќе биде ставен врз производството на сточна храна, примената на агроеколошките мерки и користењето сертифициран семенски материјал што ќе значи поголеми и поквалитетни приноси особено на житните и градинарските култури“, вели Димовски.
Програмата предвидува и поддршка на руралните средини, изградба на канализациски мрежи, водоснабдувачки системи и локална инфраструктура, патишта за полесен пристап на механизацијата до обработливите површини.
Инаку, Програмата ги обврзува земјоделците од 2015 година да применуваат добра земјоделска пракса и квалитетен, сертифициран семенски материјал. Според Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски, Програмата претставува чекор напред кон осовременување на македонската аграрна политика.
„ Програмата е изготвена врз основа на состојбите во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор, структурата на земјоделството како почетна состојба и негов развој со основна цел, да ја зголеми конкурентноста. Мерките предвидуваат воведување стандарди и нема да предизвикаат нарушување на пазарни принципи. Посебно се посветува внимание на руралниот развој кој до 2017 година ќе достигне 28 отсто што е многу важно во сегашниот период“, потенцираше Димитриевски.
Поддршка на програмата дадоа и земјоделците.
“ Вака конципиран, документот е вид мал устав по кој во наредните пет години треба да функционира македонскиот аграр“, изјави претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.
Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, се осврна на измените и на обврските што Програмата им ги наметнува на производителите.
“Мора конечно да сфатиме дека не треба само да бараме поддршка, туку е неопходно и правилно да работиме. Од 2015 година ќе треба да применуваме добра земјоделска пракса и квалитетен, сертифициран семенски материјал“, порача Шаклев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.