Петмина од полицајците обвинети за смртта на Фреди Греј во Балтимор, се приведени
Објавено во: Свет 01 Мај, 2015 21:11
Пет од шестмината офицери обвинети за убиството на 25-годишниот Фреди Греј во американскиот град Балтимор (Мериленд), веќе се уапсени и се под истрага.
Ова го изјавил градоначалничката на Балтимор, Стефани Ролингс-Блејк, цитирана од агенција „ТАСС“.
„Никој во нашиот град не стои повисоко од законот“, коментирала градоначалничката. Таа појаснила дека сите вработени, вмешани во инцидентот со младиот Афроамериканец, се отстранети од својата позицијата.
„Петмина офицери беа уапсени“, соопштила Ролинг-Блејк.
Таа сепак не дала точна информација за судбината на шестиот полицаец кој учествувал во злосторството. Наместо тоа, вети дека ќе се бори бескомпромисно со појавите на суровост и расизам меѓу претставниците на силите на редот.
Претходно беше јасно дека против шестмината функционери, кои биле на должност на 12 април кога беше убиен Фреди Греј, против нив ќе бидат покренати обвиненија за убиство без предумисла.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




