19 Декември, 2025
0.1483

Петре Шилегов ги оставил вработените во јавните претпријатија без плата?

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2021 13:05

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов си заминал од функцијата градоначалник на Град Скопје, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија, брифираaт извори од општинската администрација.

„Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без  плати. Петре  Шилегов,  претходниот  градоначалник  на  Град  Скопје,  си  заминал  од  функцијата оставајќи  го  градот  во  тотален  хаос.  Наши  извори  брифираат  дека  Шилегов  го  напуштил кабинетот  без да  ги заврши  постапките  за  субвенции за плата  за  вработените  во  јавните пријатија  што  се  под  Град  Скопје,  а  истите  јавни  претпријатија  поради  лошо менаџирање,  за  само  четири  години  ги  направил  загубари“, реагираат од таму.

Шилегов го  напуштил градоначалничкиот кабинет на  8  ноември,  додека  Арсовска  отпочна  процедура  за  упис  во  Централниот регистар  и  засега не може административно да постапува.  

„Налозите  не  биле  потпишани  ни  испратени,  иако  тој  имаше  8  дена  да  го стори  тоа,  за  да  може  да бидат  платени придонесите  за  сите  вработени  и да биде  исплатена платата. Дали  со  ова  Шилегов  свесно  креирал  криза  за  вработените  во  јавните претпријатија,  но  и  за  градот?“, велат нашите извори..

Арсовска  веќе  е  на  функција,  но,  како  што  нè информираат,  се  уште  трае  процедурата додека  административно  да  го  преземе  управувањето  со  градот.  Во ме ѓувреме,  стотици  вработени  од јавните  претпријатија  под надлежност  на градот,  нема навреме  да  земат  плата.    Најкритични  кои  зависат  од  субвенции  од  градот  се ЈП  Улици  и патишта  и  ЈСП.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот