Добивај вести на Viber
Вкупниот БДП на земјите од БРИКС групата, кои бележат динамичен стопански развој е проценет на 13,7 билиони долари. Оваа сума е еднаква на една четвртина од светскиот БДП, изјави јужноафриканската министерка за меѓународни односи Малте Нкоана-Машабане.
Спорс Машабане, членките на групата БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската република, кои сочинуваат и 43% од вкупната светска популација, учествувале во глобалниот тек на директна странска помош во 2012 година со 11 %, додека нивното учество во светската трговија изнесува 17 %.