17 Мај, 2024
0.0259

Петте големи геополитички ризици во 2015 година

Објавено во: Свет 10 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Критичните настани од почетокот на 2015 година - најевтината нафта и насилството во Блискиот Исток, ќе продолжат да влијаат на целата година. Пониските цени на суровините може да им наштетат сериозно на економиите на богатите со природни ресурси земји, пишува во анализата на Aon Risk Solutions. Aon Risk Solutions е оддел на британската компанија Aon Plc. Компанијата неодамна ја објави годишната Карта на политичкиот ризик, чија цел е да даде одговори на клиентите на осигурителите каде водењето на бизнис ќе биде безбедно а каде - повеќе ризично. Извештајот ги рефлектира само земјите во развој. Членовите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) формираат основа за споредба на истражувањето. Едвај седум од 163-те земји во развој го намалија својот политички ризик за една година. Голем дел од нив, како Зимбабве и Лаос на пример, се уште имаат што да подобруваат. 12 земји ќе се соочат со посериозни предизвици оваа година, вклучувајќи ги Либија, Хаити и Пакистан. "Последните 12 месеци беа катастрофални во однос на ризикот во земјите", коментира Кертис Инграм, потпретседател на Одделот за политички ризик. Како "некој вакум да се појавил и многу лоши актери се појавуваат" во Крим и источна Украина, Нигерија, Ирак и на други места. Aon и партнерот во истражувањето Roubini Global Economics, основана од економистот Нуриел Рубини, ја оценуваат секоја земја според девет категории за ризикот. Тие вклучуваат размена на валути и условите за капиталот, законите и регулативите и политичката интервенција и насилство. Еве пет работи за кои во извештајот се тврди дека треба да внимаваме во следните месеци: Русија Ниската цена на нафтата и меѓународните санкции поради конфликтот во Украина покажаа сериозно влијание врз руската економија. "Нестабилноста во Русија ќе продолжи да фрла сенка врз регионот", се наведува во документот. Тоа го продолжува негативното влијание врз трговските партнери на земјата Белорусија и Казахстан. Истражувачите гледаат "можен замрзнат конфликт и продлжување на санкциите", бидејки е малку веројатно да биде најдено решение во следните месеци. Нафтата и другите суровини Русија, Венецуела и Иран го привлекоа најголемиот дел од вниманието и негативните последици од поевтинувањето на нафтата. Тоа е проблем и за помали нафтени сили како Узбекистан и Туркменистан, чии ранливи курсеви спрема странските валути и капитални политики ги изложуваат на трговски шоковиЗемјите ослонети, главно на рударскиот и енергетскиот сектор во Африка - Ангола, Камерун, Конго и Нигерија, се соочија со пониски приходи и кастрење на буџетите. Конфликти и насилство Ужасот од подемот на Исламската држава во Сирија и Ирак и на Боко Харам во Нигерија се главните закани за регионалната стабилност. Нестабилните граници и незрели институции во делови од Блискиот Исток и Африка ги прават земјите таму особено ранливи на насилство. Каматни стапки Дури умерено зголемување на основната каматна стапка од страна на Федералните резерви на САД ќе ја зголеми глобалната конкуренција за капиталот и цената за сервисирање на американскиот надворешен долг. Блискиот Исток и Северна Африка Земји како Египет, Тунис и Мароко ќе почувствуваат позитивен ефект од поевтинувањето на нафтата, велат авторите на извештајот. Сепак и трите земји се оценети со висок или многу висок ризик. Тие се соочуваат со ризици на безбедноста заради определените во извештајот како "вакум на моќ" во Ирак, Либија и Сирија. Турција и Мексико пак се особено изложени на ризици од политички или економски превирања на Блискиот Исток и Латинска Америка. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра