Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто
Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 15:01
Пијалоците од утре ќе бидат поевтини за 10 отсто, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по одлуката на владината седница.
- Во однос на цените на 19 септември во трговијата на големо се намалуваат за 10 проценти, а трговците на полиците и разладните уреди треба да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“, рече Ковачевски.
Мерката ги опфаќа светло и лагер пиво, газирани и негазирани сокови, со исклучок на енергетски пијалоци, газирана и негазирана изворска вода. Одлуката ќе важи до 30 ноември, а таа ќе биде објавена денес во Службен весник.
Премиерот рече дека голем број трговци на вода и газирани пијалоци сами се пријавиле да ги намалат цените доброволно.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




