Пијан татко со нож го бркал синот - Семејно насилство во Штип
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016
МВР соопшти за семејна драма која се одвивала во куќата сопственост на С.Д. во Штип, кој бил во алкхолизирана состојба и се расправал со неговиот син Д.Д по што земал нож и го бркал, но синот избегал од куќата. С.Д. се вратил дома и го запалил троседот во дневната соба, искршил шише и се исекол по рацете, а потоа заминал со такси.
Пожарот е изгаснат и оштетен бил мал дел од троседот. С.Д. е приведен во полициската станица во Штип, каде му е извршено алкотестирање и констатирано е присуство на алкохол од 2,66 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициската станица во Штип до негово отрезнување.