28 Март, 2024
0.0301

Пивоваров: Безбедносен срам, од полицијата остана само името

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Насилството и дивеењето во Законодавниот дом во кој пратениците на СДСМ и коалицијата повеќе од два часа беа држени во  заложништво од страна на демонстрантите на “За заедничка Македонија”  беше смислен, организиран  и очекуван чин. Полицијата не реагираше навремено  и дозволи од неа да остане само името- вели за Фактор професорот Владимир Пивоваров, поранешен шеф на военото разузнавање. Долгогодишната партизација на МВР според него по кој знае кој пат „ потфрли “.

“Долгогодишната партизација на МВР по кој знае кој пат „ потфрли “. Не знам што работел штабот во МВР кој е формиран токму за овие случувања. Па и врапчињата ова го очекуваа и во таква ситуација се немаше проценка за ова што се случува. Не, токму тие се дел од организацијата и планот кој овозможи да се случат овие вандалства. Она што вчера се случуваше  пред и во  Собранието е нешто што се очекуваше имајќи ги во предвид воинствените изјави на политичарите како и на новоформираните невладини организации како и организаторите на протестите. Ништо не се случи спонтано, се беше добро организирано и испланирано”- потенцира професорот Пивоваров.

Одговорност за овој злостор според универзитетскиот професор мора да има и тоа за сериозни кривични дела меѓу кои обид за убиство. Одговорноста за ваквиот вандалски чин вели е  кај напаѓачите, организаторите на протестот и особено кај присутните полициски службеници и нивните претпоставени. Непостапувањето на полициските службеници е производ на незаконска наредба и злоупотреба на службената положба. Дополнително вината ја лоцира и кај шефот на државата кој останал нем набљудувач на крвавата ноќ во Собранието.

“Правна квлификација по нашиот Кривичен законик  е сторување на повеќе кривични дела и обид за убиство. Оние службени лица кои свесно допринесоа за оваа состојба во Парламентот мора да одговараат за овој злостор. Од полиција останато е само името. Во една прилика на прашање на СЈО од каде Иванов го има списокот за осомничените и сведоците за да може да ги аболицира, тој одговори дека претседателот има начини тоа да го дознае. Аналогно на тоа значи дека и за ваквите состојби бил запознаен и останал нем набљудувач. Повиците за надвладувањето на разумот е малку саркастична од причина што пироманот треба да го гаси пожарот кој сам го има запалено е невидено, па таква е и нашата состојба”- додава Пивоваров.

Поранешниот шеф на военото разузнавање  стравува дека нарушувањето на безбедносната состојба може да мултиплицира следниве денови поради крвопролевањето и омразата со која насилниците удрија по народните избраници. Ударот врз највисокиот дом, законодавниот,  е удар врз демократијата и суверенитетот.

“Имајќи го во предвид се она што не очекува,  продолжување на работата на Собранието односно функционирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на новата Влада и нејзиното натамошно функционирање  не е исклучена можноста да се наруши безбедноста во државата. Граѓаните ја изгубија довербата во полицијата во која мислам дека и  самите вработени во оваа институција не  веруваат. Општо мислење кај граѓаните е дека МВР е претворено во партиска институција. Јасно се виде дека полицајците задолжени за чување на јавниот ред и мир и безбедноста на присутните во собраниските сали, дозволија непречен влез на протестантите. Влезот им беше дозволен и на лица кои беа маскирани со „фантомки“ и качулки и кои со себе носеа тврди и остри предмети наменети за загрозување на физичкиот интегритет на присутните во Собранието”- оценува Пивоваров.

Меѓународната заедница го осуди насилството во Парламентот. Американската амбасада во Македонија порача дека насилството не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин да се решат разликите. Осуда упатија шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во заедничко соопштение. Сега според Пивоваров се очекуваат брзи и ефективни чекори за подршка и враќање на реформските приоритети преку изборот на новата Влада.

“Меѓународната заедница  е згрозена од дивјачкото однесување на демонстрантите кои го окупираа собранието односно нашиот начин на спроведување на демократијата. Од друга страна меѓународната заедница го поздрави изборот на претседателот на собранието со очекување што побрзо формирање новата реформска влада. Меѓутоа без поконкретно превземање на мерки од страна на меѓународната заедница нема да очекуваме стабилизирање на состојбата”- додава поранешниот разузнавач.

Според  Законот за полиција, грижата за подготвеноста на Полицијата за дејствување и работа во услови на сложена безбедносна состојба и за кривични дела извршени од структурирана група од три или повеќе лица е во надлежност на Бирото за јавна безбедност. Со Бирото раководи директорот Митко Чавков без чие знаење и наредба не смеат да се спроведат или одбијат полициските овластувања. Според Кривичниот законик, вршењето на грубо насилство од страна на група над повеќе граѓани кое во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв е тешко кривично дело. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу најави дека ќе побара одговорност од сите ангажирани во оперативниот штаб и оцени дека полицијата не реагирала на време за случувањата во Собранието.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија